13 Август, 2020
0.0395

Герила акција на ДИК во Тетово и Гостивар: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020

По вчерашната герила акција во Охрид и Струга, караванот на Државната изборна комисија денеска беше во Тетово и Гостивар. Кампањата  „Ти си на ред“ на ДИК за претстојните Предвремени парламентарни избори 2020 изобилува со совети за заштита и превенција на граѓаните од корона вирусот во текот на гласањето. Целокупната кампања е насочена кон пораки за заштита на граѓаните, како што се „Заштити се себеси и другите“ и „Гласај безбедно“.

На плоштадите во Тетово и Гостивар, беа поставени препознатливите големи поставки од големо стаклено ѕвоно и гел за дезинфекција со цел да им се приближат пораките за безбедно гласање до гласачите. Случајните минувачи добија едукативни брошури и флаери  со  насоки за безбедно гласање.

Герила акцијата опфаќа и безбедносна брошура која што содржи гел за дезинфекција и маска за заштита од корона вирусот, со точни насоки за нивна правилна употреба.

Државната изборна комисија за првпат ја воведува оваа герила акција, а е и една од првите државни институции која што ги едуцира луѓето во насока за заштита од корона вирусот во својот домен на работа. Покажаната грижа за здравјето за непречено искористување на демократското право на глас на граѓаните ја одликува ДИК со одговорност и професионалност во работењето. Државната изборна комисија постави нови стандарди во функционирањето на државните институции во време на корона вирусот.

Можеби ќе ве интересира

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

ВМРО - ДПМНЕ ќе ги замрзне односите со Пендаровски

ВМРО - ДПМНЕ ќе ги замрзне односите со Пендаровски

МИЦКОСКИ: Ситуацијата во државата оди во погрешен правец

МИЦКОСКИ: Ситуацијата во државата оди во погрешен правец

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ