Георгиевски се нуди да го „распарчат“ во јавна дебата, Заев се дистанцира
Објавено во: Македонија 01 Март, 2021
Мислењето на Љубчо Георгиевски за решението околу актуелниот македонско- бугарски спор е негово лично мислење. Ние ниту некогаш сме преговарале ниту ќе преговараме за националниот идентитет. Тој е загарантиран со универзалните права и е прашање кое е јасно и недвосмислено, вели денеска премиерот Зоран Заев прашан за коментар околу ставовите кои Георгиевски ги искажа викендов јавно.
Додека јавноста се разбранува за неговите гледишта, Георгиевски денеска повторно се јави. Вели:
„Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја. Па еве ви кукавици отворена понуда за дуел, напиша Георгиевски.
Георгиевски викендов рече дека земјава треба да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија. Според него, во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија. Георгиевски вели дека погледнато од Скопје, Пиринска Македонија секогаш била Источна.
Заев е категоричен дека ова е само негов став.
„Иако Бугарија не признава како народ ни вика да разговараме за минатото. Но за историјата не е потребно да разговораме јас и Борисов или министерката Екатерина Захариева со министерот за надворешни рабтоти Бујар Османи. Тоа е прашање на историчари, постојат решенија. Тие сега имаат избори, знам како е и да им бидеме од помош, рече Заев.
На констатацијата дека Георгиевски е коалиционен партнер Заев повтори дека тоа е негов став, не став на позицијата.