24 Април, 2024
0.0289

Генералниот штрајк на СОНК на 11 ноември нема да се одржи

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Најавениот генерален штрајк на професорите и наставниците на 11 ноември нема да се одржи, соопшти Синдикатот за образование, наука и култура.

Од таму информираат дека истиот е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образаование и наука, потврди претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Тој додаде дека ваквата одлука се должи на тоа што Министерството за образование и наука му се потребни уште неколку дена за да ја изврши анализата за тоа колку средства може да се одобрат.

– Се прават напори за обезбедување на потребните средства. Ова не се празни фрази, туку силна заложба да се најде заедничко прифатливо решение, нагласи министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Утре е последната средба на Неделков и синдикатот со министерот за образование Арбер Адеми пред конечниот став, а денеска премиерот Зоран Заев со својата изјава алудираше на тоа дека ќе биде постигнат договор.

- Утре министерот Адеми ќе ја соопшти веста, не сакам тоа да го кажувам наместо него. Тој сепак макотрпно работеше на овој договор, рече денеска Заев.

Во моментов понудата на министерството е уште еднаш да се зголемат платите за дополнителни 10 отсто на оние 5 отсто кои веќе се во сила од септември, но од април следната година. Неделков денеска рече дека индициите се дека исплатата на поголемата плата може да започне од почетокот на следната година, односно да не се чека до април.

Можеби ќе ве интересира

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред