29 Март, 2024
0.0279

Генерали Инвестментс советува:Ликвидносната поддршка за обврзниците и акциите продолжува да го принудува растот на цените на берзата

Објавено во: Економија 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Политичката и економската ситуација во светот и понатаму е исклучително комплексна и има негативно влијание врз пазарите. Меѓутоа, централните банки и владите успешно го надоместуваат тоа со стимулативни мерки и пакети што резултира со нови рекорди на пазарите. Пандемијата го забавува експоненционалниот раст и покажува знаци на стабилизација во земјите надвор од Европа. Прашање е дали бројот на новозаболени расте побавно, затоа што земјите повеќе не се способни да прават повеќе тестирања, но смртноста во последните неколку недели е сè уште под нивото на кое беше пролетта и покрај зголемувањето на новозаболените. Се брза и со вакцината, која е во забрзана фаза на тестирање, a пазарот реагира позитивно на секоја вест поврзана со оваа тема. Сè повеќе вниманието се префрла од пандемијата кон политичките тензии во светот, особено помеѓу САД и Кина, каде најголемо внимание привлекуваат тензиите поврзани со Хонг Конг, како и домашната политичка сцена во САД која е сè потензична и понеизвесна. Па така, за време на летните одмори, Европа се чини мирна, со повремени новости околу Брегзит (каде преговорите не се движат никаде) и се разбира, сè поголемата комплексност во ситуацијата со Турција и некои останати јужни медитерански земји. Износот на поддршка од страна на централните банки и државите кон економијата и пазарите според Goldman Sachs надмина 20 трилиони американски долари од почетокот на пандемијата, и сè уште расте. Оваа бројка има силно влијание на сите пазари, поддржувајќи ги негативните приноси на обврзниците, при што ги принудуваат да растат, додека во исто време огромна количина на пари “се движи” кон златото во последните неколку недели.  Сè уште нема знаци на затегање на монетарната политика, па затоа инвеститорите мора да бидат подготвени на изненадувања во форма на неочекуван и неконтролиран раст на индивидуалните инвестиции. Оваа приказна не изгледа дека ќе има добар крај, но моментално никој не размислува многу за тоа сценарио. Постои алчност на пазарите и страв од пропуштање на растот.

-Опуштената монетарна политика, како што споменавме, продолжува да биде движечка сила на пазарот. Се ближи сезоната на објавување на резултатите од втората половина на годината. Во САД, компаниите веќе ги надминаа претходно намалените предвидувања, па пазарот позитивно реагираше и достигна нови рекордни нивоа. Тука се  истакнуваат aкциите на IT секторот, кадешто Apple повторно го престигна Saudi Armaco и стана највредната компанија во светот со вредност близу 2 трилиони. Компанијата веќе 5 години генерира иста количина на профит, заработката по акција има благ пораст заради откупувањето на сопствените акции, но сепак вредноста на компанијата е порасната за 3 пати во истиот временски период. Од една страна, ова ја покажува моќта на опуштањето на монетарната политика, но од друга страна – инфлацијата на пазарите на капитал. Резултатите на останатите големи ИТ компании исто така ги надминаа очекувањата, така што разликата помеѓу 10-те најголеми компании и остатокот од компаниите во САД е сè поголема. Во Европа, резултатите се исто така солидни, но со оглед на тоа што Европа нема звучни технолошки имиња, ефектот таму е многу поблаг. Тоа можеби се должи и на јакнењето на еврото во однос на доларот, при што курсот порасна од 1.10 долари за евро на 1.18 долари за евро за само неколку недели. Ова го зголеми стравот дека движењето ќе има подлабоко влијание врз деловните резултати на европските извозници.

-Слично како и во САД и азиските технолошки акции се блиску до рекордно високи цени, но последниот потег на САД, како што е блокадата на Tik Tok и WeChat во САД, донекаде го оладија кинескиот технолошки сектор. Дури и заканите за отстранување од котација од најголемиот и најтранспарентниот пазар во светот (САД) немаат позитивно влијание врз кинеските акции. Пазарите на обврзници не забележаа поголеми промени во последните неколку недели. Со купувањата од страна на централните банки за обезбедување на ликвидност и ниски каматни стапки, приносот се задржа на негативни 0,50%.

Совети за инвеститорите:

– Се придржуваме до веќе презентираните препораки од изминатите недели. Одредени индустрии и акции се многу скапи, но со слично скапите обврзници и негативниот принос во банките, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Во моментот не е време за екстреми во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото. Не се препорачува целокупното портфолио да го држите само во акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка за обврзниците и акциите продолжува да го принудува растот на цените на берзата, но редуцирањето или повлекувањето на поддршката може многу бргу да придонесе за голема корекција. Трендот на раст може да продолжи, но позицијата на светската економија е сè уште релативно слаба. И покрај добрите информации, иднината е сè уште неизвесна, политичката неизвесност во САД расте, особено пред изборите и во услови на зголемените тензии помеѓу САД и Кина. Затоа, потребен е балансиран пристап во инвестирањето кадешто фокусот ќе биде ставен на индустриите што подобро ја преживеале оваа криза и каде вреднувањето не е претерано. Ова се претежно акции од секторите на здравство, потрошувачка и нега, додека делови од технолошката индустрија сè уште остануваат скапи и покрај натпросечниот раст. Затоа, препорачуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. Инвеститорите кои се надпросесчно изложени во секторот технологија треба да размислат за повлекување на дел од профитот и реструктурирање на портфолиото. Пазарите остануваат непредвидливи, а очекуваме нестабилноста да расте. Диверзификација на портфолиото е неопходен чекор за намалување на ризикот. Инвеститорите со долгорочен хоризот на штедење треба да продолжат со периодични плаќања, а оние кои сакаат да инвестираат поголема сума треба да ги распределат плаќањата во подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат бидејќи стимулативните мерки продолжуваат, но може да се очекуваат и повремени корекции. Многу зависи од развојот на пандемијата, но и меѓународните односи кои може да го заменат умерениот оптимизам на пазарите со песимизам што од друга страна може да доведе до посилна корекција на берзите. Бидејќи цените на некои акции пораснаа нагло во последните неколку месеци, а профитот од хартиите од вредност е голем, можниот пресврт во трендот исто така може да придонесе за подлабоки корекции. Да не ја заборавиме старата поговорка која вели, тешко е да пропадне оној кој го повлекува својот профит.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?