19 Април, 2024
0.0286

Генерали Инвестментс: Пазарите остануваат непредвидливи

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Пандемијата полека се повлекува од насловните вести во Европа и САД, а на нејзино место доаѓаат нови теми. Старите, нерешени случаи и сè повеќе насилни протести во САД доаѓаат до израз. Досега, негативните вести немаа големо влијание врз оптимизмот во Европа и САД, бидејќи забрзаното ублажување на мерките продолжува да влева оптимизам кај инвеститорите. Во Европа, центарот на вниманието е околу предлогот за новиот фонд од 500 милијарди евра, за помош на компаниите во земјите кои се најпогодени од COVID-19. Најголемиот проблем во Европа, донесувањето на одлуки бавно и кој одзема многу време повторно излегува на виделина.  Новиот фонд е јасно насочен пред се кон Италија и Шпанија, иако помошта ќе биде силно поврзана со поедноставно преструктуирање на економиите, што станува главна цел на „повоената“ економска политика. Од другата страна на Атлантикот, САД повторно ја засилува негативната реторика во однос на Кина, најкомплицирана во моментот е листата на кинески компании кои котираат на американските берзи, што воведува нов немир кај инвеститорите дека трговската војна ќе ескалира понатаму во месеците што водат до изборите. Во последниве денови, вестите беа исполнети со насилни и деструктивни протести од страна на дел од населението што остана „заборавено“ во економскиот бум во последните 20 години. Овие компликации ги потсетуваат инвеститорите дека сите нерешени проблеми од времето пред пандемијата остануваат на маса, тие само привремено се туркаа настрана поради здравствената криза, а во исто време пандемијата отвори некои нови проблеми за кои нема одговор.  Во Кина, за која велиме дека е два месеци пред Европа и дополнителен месец пред САД и Велика Британија, закрепнувањето продолжува, па дури и бројките од економијата изгледаат многу подобро отколку пред еден месец. Индустријата и дел од услужниот сектор се опоравуваат брзо, а од друга страна, постои голема претпазливост во услугите каде што се присутни поголем број луѓе (туризам, угостителство, воздухопловство и сл.). Слично темпо на закрепнување во Европа и САД би бил многу позитивен знак, иако оваа година сериозно ќе бидат погодени јужните земји, заради намалениот обем на услужни активности (особено туризмот).

– Резултатите на компаниите за првиот квартал беа релативно солидни во целост и претежно над очекувањата, иако деловите кои ги надминуваат очекувањата се најниски од финансиската криза 2008-09 година.  Намалените очекувања за вториот квартал и повлекувањето на предвидувањата за остатокот од годината не ги одврати инвеститорите да вложуваат, бидејќи погледот се сврти целосно кон иднината, односно кон 2021 година. Од индустриите здравствената, прехранбената индустрија и другите производи за широка потрошувачка и нега како и ИТ индустријата работат одлично. Банките очекуваат да се справат со нефункционалните кредити, а туризмот, автомобилската, воздухопловната индустрија и многу други компании размислуваат како да преживеат и бараат државна помош. Гледаме зајакнување на онлајн продажбата и позитивни изненадувања за практично сите онлајн трговци. Кинеските ИТ компании објавија значително подобрени деловни резултати, што во ситуација на затегнување на условите за котација на кинеските компании во САД, беа поблаги, па реакцијата на инвеститорите беше негативна. Победници во кризата се компаниите од здравството, бидејќи сите бележат многу поголем раст од очекуваниот и нивната иднина изгледа оптимистична.

– Пазарите на капитал се држат исклучително добро. Голем дел од заслугите се припишуваат на големата ликвидносна помош од страна на централните банки во последните неколку недели која продолжува да се нуди на пазарите. Вредноста на акциите на некои компании не само што ги надминаа оние од почетокот на годината, туку достигнаа и нови рекордни нивоа. Американскиот технолошки индекс NASDAQ забележа позитивен принос за оваа година. Според сите статистички критериуми, акциите повторно се скапи, особено ако се земе во предвид очекуваниот пад на профитот, но инвеститорите го насочија својот поглед кон иднината, не само кон 2021 година, туку и многу подалеку. Но, иако акциите се чинат скапи, не смееме да заборавиме дека обврзниците се уште поскапи, затоа што тие не нудат принос туку се само релативно безбеден паркинг за вишокот на пари. Ликвидноста на централните банки ги промени перцепциите за реалноста и целата оваа ликвидност сака да најде инвестиција што сепак ќе донесе барем минимален принос. Отворањето на економиите го зајакнува оптимизмот и самото тоа додава дополнителни пари во берзите. Ова се забележува особено последниве денови во Европа, која во однос на растот заостанува зад САД. Затоа, акциите на погодените индустрии (воздухопловство, туризам, автомобилска индустрија и слично) привлекоа повеќе инвеститори во последниве денови бидејќи тие закрепнуваат побрзо, очигледно е дека надежта умира последна, а играта на алчност повторно е во полн тек.

Совети за инвеститорите:

Иако акциите повторно изгледаат прилично скапи, моментално не е време за екстреми. Не е паметно целото портфолио да биде инвестирано во акции, ниту пак во обврзници или депозити. Ликвидната поддршка го форсира растот на цените на обврзниците и акциите и овој тренд може да продолжи. Од друга страна, состојбата на светската економија е слаба, а иднината е многу нејасна. Дополнителна неизвесност на пазарите се создава со обновувањето на трговски тензии меѓу САД и Кина и ескалирање на насилни протести во САД, што носат немири на најголемите и најбезбедните берзи во светот. Затоа најмногу се препорачува балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи. Старите нерешени прашања (трговска војна, Brexit, Иран итн.) се враќаат на маса и се појавуваат нови предизвици. Затоа диверзификацијата на портфолиото е чекор кон вистинската насока. Инвеститорите со долгорочни инвестициски цели треба да продолжат со месечни уплати, а оние што би вложиле поголема сума, треба да ја распоредат на подолг временски период.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет