23 Април, 2024
0.0298

Генерали инвестментс: Кина и нејзините пазари во развој остануваат ризични

Објавено во: Финансии 17 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Светските економски движења остануваат умерено оптимистични, иако самите економски податоци продолжуваат да  ја намалуваат силата. Сепак, релаксираната монетарна политика и ниските каматни стапки покажуваат дека пазарите на капитал не се премногу загрижени, а берзанските цени остануваат високи. Вчерашната видео средба меѓу Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг не донесе ништо опипливо, но беше доволно опуштена и отворена барем да укаже дека влошување на односите не се очекува во блиска иднина. После оваа средба, пазарите реагираа позитивно.

Исто така и германскиот постизборен состав на коалицискиот семафор меѓу Социјалдемократите, Зелените и Либералите очигледно е при крај, така што новата коалиција се повеќе добива програмска форма. Меѓу договорите е и зголемување на минималната плата од 9,6 на 12 евра бруто на час, што значи зголемување од 25%. Трошоците за работна сила на ниво на цела Германија на тој начин се зголемуваат за 4%, но аналитичарите очекуваат, дека тоа нема да врши притисок врз сите плати, туку само на најниските. Меѓутоа, анализите не ги земаат предвид околните „сателитски“ земји, кои се силно врзани за германската економија, во која спаѓаат главно централноевропските земји и земјите од Западен Балкан.

Во регионот тоа ќе доведе до краткорочно зголемување на конкурентноста, но долгорочно, поради значителната мобилност на работната сила, ќе има нагорен притисок врз платите. Ова покажува дека инфлациското тркало почнало да се врти. По поскапувањето, особено на енергетските извори, синдикатите и вработените бараат повисоки плати. Ова дополнително ќе го нахрани инфлациското чудовиште. Тоа го признаваат и централните банки, каде што менаџментот на ЕЦБ конечно со Лагард призна дека инфлацијата ќе расте во 2022 година. Но, на среден рок се очекува да остане под 2%. Едноставно кажано, инфлацијата во 2022 година ќе биде повисока од очекуваното и ќе претставува проблем, а некогаш во иднина ќе се врати во нормала.

Инвеститорите во обврзници во САД своите очекувања уште еднаш посилно ги вметнаа во нивоата на цените на обврзниците, а приносот на 10-годишната американска обврзница повторно се зголеми над 1,6% годишно. Наскоро се очекува потврда за стариот или избор на нов претседател на ФЕД, што исто така може да доведе до големи промени во политиката. Во Европа промените се помали, но инфлацијата и инфлациските очекувања растат. Довербата во кинеската економија благо расте поради попомирливиот тон на партијата, но инвеститорите се уште се загрижени за неликвидноста на секторот за недвижности и градежништво и можното ширење на проблемите во други сегменти од економијата. Затоа инвеститорите остануваат внимателни, иако одличните продажни резултати на т.н. „Singles Day“, кој е кинеска верзија на Black Friday, донесе силен раст на продажбата и пораст на акциите на најголемите интернет трговци на мало. Сепак, акциите на Alibaba, Tencent, JD и други големи ИТ компании остануваат пониски отколку на почетокот на годината, бидејќи инвеститорите се ограничуваат од инвестиции поради сложената политичка и економска ситуација во Кина.

Сезоната на објавување резултати полека привршува. Резултатите ги надминаа очекувањата, а прогнозите за последниот квартал и следната година се прилично неизвесни, но сепак оптимистички. Резултатите во Европа беа уште поизненадувачки отколку во САД, а според некои показатели, дисконтот на европските во споредба со американските индекси надмина 30%, што е највисоко во историјата. Споредбата со германските обврзници, покажува дека разликата во реалниот принос (номинално приспособен за инфлација) е за 5 процентни поени поголема отколку во САД (добри 2 процентни поени) и една од највисоките во историјата. Сето ова оди во прилог на европските акции, но засега, глобалните инвеститори остануваат со неутрална распределба и одржуваат натпросечна изложеност кон американскиот технолошки сектор. ИТ генерално останува најатрактивниот избор меѓу инвеститорите. Комбинацијата на натпросечен раст и големи пазарни удели е поатрактивна од стравот од високи вреднувања. Интересни се и коментарите на поединечни компании. Според Infineon, проблемите со чиповите ќе продолжат во текот на 2022 година, иако поединечни земји вршат притисок врз Европската комисија да ги олабави правилата за нелегална државна помош, дозволувајќи им на земјите да го финансираат развојот на компании кои би произведувале полупроводници. Американските компании повеќе се занимаваат со логистички проблеми отколку европските. Европските пак, повеќе се занимаваат со високите цени на енергијата и струјата. Накратко, факторите се многу разновидни и при изборот на инвестиции, потребно е да се погледне динамиката на секоја поединечна инвестиција и конкретните влијанија кои се присутни во дадено време. Цените на нафтата се стабилизираа на 80 долари за барел. Ова доведе до мала корекција во енергетскиот сектор, но одличното корпоративно работење и добрите парични текови, очекуваниот раст на дивидендата и купувањето сопствени акции даваат интересна можност за инвестирање. Слична ситуација имаме и кај акциите на банките, каде што повисоката инфлација, а со тоа и зајакнувањето на очекувањата дека централните банки ќе бидат принудени да ги зголемат каматните стапки, ја засилуваат шпекулативната привлечност на акциите од банките. Веќе споменатото „затоплување“ на односите меѓу САД и Кина има позитивно влијание и врз производителите на луксузни стоки, а од друга страна се наоѓаат здравствената заштита и добрата за широка потрошувачка, каде што различни фактори продолжуваат да ги туркаат и двете индустрии во областа на помала атракција.

Совети за инвеститорите:

Насоката на пазарите е диктирана од очекувањата за нивото на каматните стапки и ликвидноста обезбедени од централните банки. Обврзниците не се интересни, бидејќи приносите приспособени за инфлациските очекувања се мизерни, главно негативни и заедно со негативните банкарски приноси, инвеститорите продолжуваат да бидат принудени главно на инвестиции во акции и недвижен имот. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет и препорачливо е портфолиото да се подели на различни класи, меѓу акции, обврзници или пари.

Очекувањата за инфлација растат, а повисоката инфлација веројатно ќе трае најмалку цела 2022 година. Технологијата, е-трговијата и акциите на компании за работа од дома се сегменти со натпросечен раст на бизнисот базиран на долгорочни трендови, така што тие остануваат атрактивни, но пониските прогнози со најновите резултати во комбинација со високите вредности ги намалија очекувањата за раст. Инфлацијата останува нивниот главен непријател. Со високите вредности, геополитичките тензии и неизвесните идни политики на централната банка, инвеститорите стануваат повнимателни.

Инвестициите надвор од технолошкиот сектор остануваат атрактивни поради пониските вредности и различната динамика на развој на индустријата. Во последните недели, секторите енергетика, снабдување и финансии дојдоа до израз, како заштита од инфлација и се разбира, поради силниот раст на цените на енергијата, што се рефлектира и во нивните биланси. Пониските вредности во здравствената индустрија минатата недела поради обновениот обид за реформа на здравствениот систем во САД ја направија помалку привлечна.

Меѓу регионите, Европа се издвојува по атрактивност, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина и нејзините пазари во развој остануваат ризични поради неодамнешните настани и со тоа помалку привлечни за пократкорочни инвеститори.

За трпеливи долгорочни инвеститори, поради поволните вреднувања, се појавуваат одредени можности за инвестирање. За мал дел од портфолиото, добрите приноси од дивиденда и привлечните вреднувања ја одржуваат атрактивноста на нашиот регион во Централна и Југоисточна Европа. Инвеститорите со долгорочни цели за штедење треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголем износ, истиот треба да го распоредат во подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работа од дома, почистата енергија, водењето бизнис во согласност со општествените и нормите на животната средина и почитувањето на таканаречените препораки за ЕСГ се долгорочни трендови и фокусирањето на долгорочните трендови историски е важна компонента во постигнување на натпросечни приноси.


Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА