28 Март, 2024
0.0296

Генерали инвестментс: Изборите во САД не мора да значи дека ќе донесат спас за неизвесноста на пазарите

Објавено во: Финансии 04 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Крајот на октомври не ја смени динамиката во развојот на пандемијата. Брзиот раст на бројот на новозаразени со Ковид-19 продолжува буквално насекаде во Европа и САД. Се случува реприза на пролетните карантински месеци, иако се чинеше многу малку веројатно пред еден или два месеца. Можеме да очекуваме нагло влошување на економиите во развиениот свет, бидејќи гледаме дека компаниите сè повеќе го привлекуваат вниманието со најави за многу тешка зима и пролет. Времетраењето на ограничувањата е сè уште непознато, но само еден квартал може да одземе повеќе од 5% од БДП на годишно ниво. Услужниот сектор повторно е најсилно погоден, каде што можеме да очекуваме многу слаби бројки и каде државната помош повторно ќе треба да биде насочена. Може да очекуваме барем иста количина на стимулативна поддршка како и пролетта. Во САД, на маса се наоѓа пакет државна помош од 2,5 трилиони американски долари, чиј износ зависи во голема мера од распределбата на моќта во Сенатот и Конгресот. Индустријата во моментов е светло место за економиите, но сепак ќе биде тешко за самата индустрија да се задржи на ниво на позитивна нула со опаѓачки услужен сектор, бидејќи индустриите се економски силно испреплетени. Светлината на крајот од тунелот ја означува Кина и некои други азиски земји, каде што со силна контрола и дисциплина покажаа дека се јасно подобри во контролирањето на текот на пандемијата. Кинеската економија продолжува да се опоравува и економските податоци се добри. Доколку Европа и САД ги преземат најновите мерки за брзо ограничување на бројот на новозаразени и со тоа се успее да се спаси исклучително важниот месец декември, закрепнувањето сепак може да биде побрзо од очекуваното. Продолжува сезоната на деловни објави за третиот квартал. Резултатите се охрабрувачки и претежно позитивно ги изненадуваат инвеститорите. Дури и некои индустрии кои станаа многу непопуларни кај инвеститорите (енергија, финансии) покажуваат многу подобри бројки отколку што се очекуваше. Но, пазарот сè уште најмногу го насочува вниманието на изборите во САД. Се предвидува победа на Бајден, но ова сценарио веќе е во најголем дел вкалкулирано на пазарите, а некои акции би можеле да се најдат под притисок доколку победи Трамп. Пазарот на капитал се осигури минатиот месец дека секој исход што брзо ќе доведе до јасен изборен резултат ќе биде добар. Проблем ќе се појави доколу има нерешен изборен резултат или едната страна ја оспори валидноста на изборите, што ќе доведе до уште поголема поларизација на американското општество и понатамошно одложување на преговорите за стумулативен државен пакет. Кој и да биде претседател ќе мора да дејствува многу брзо заради кризата предизвикана од Ковид-19, ќе биде потребно да се координира стимулативниот државен пакет и да се изгласа преку Конгресот и Сенатот. ФЕД исто така ќе биде потребно да пружи помош.

– Пазарите продолжија да бидат под притисок минатата недела поради ширењето на мерките за пандемија и воведувањето карантини. Одговорот на пазарите за деловните резултати е негативен минатата недела и се одржуваат високи нивоа на очекувања за новиот стимулативен пакет. Ова станува опасна мешавина, бидејќи со можните пречки, донесувањето на државен стимулативен пакет станува сомнителено. Пазарот е ранлив и веројатноста за посилна корекција се зголемува, иако историјата нè учи дека крајот на годината обично носи позитивни трендови. Пазарот е позициониран за победа на Бајден, секое друго расплетување ќе ја зголеми нестабилноста. Во последниве недели, пазарот награди одредени сектори (зелена енергија, лична потрошувачка и нега, делумно индустрија, итн.) со премии и други со намалување на проценките (особено енергијата). Деловните резултати продолжија да бидат позитивни и подобри од очекуваните во последната недела, но одговорот на инвеститорите на овие резултати е сè уште послаб отколу оној во минатото, што е дополнителен показател дека пазарот на капитал сака стимулативна поддршка, нови свежо печатени пари. Акциите на компаниите од технолошкиот сектор како и оние во сегментот на купување преку интернет, работа од дома, продолжуваат да бидат попривлечни за инвеститорите. Минатата недела, кинеските компании од гореспоменатите сегменти на пазарот исто така се претставија добро. Во завршна фаза е новата најголема продажба на акции на гигантот за финансиска технологија Alibaba – Ant Group, поранешна Alipay. Се очекува да се соберат 30 милијарди евра преку примарната емисија, а со пазарна капитализација од околу 300 милијарди евра, таа ќе стане 4-та по големина финансиска групација во светот. Акциите ќе бидат котирани во Кина и Хонг Конг.

Совети за инвеститорите:

Ги задржуваме старите препораки и оваа недела, бидејќи не е разумно да се дејствува премногу агресивно во неделата на изборите во САД. Сепак, следната недела може да донесе поинаков поглед на пазарот, бидејќи ќе биде полесно да го процениме влијанието на еден од најголемите ризици оваа година. Технолошката индустрија и акциите на комапниите за купување преку интернет, работа од дома се сегменти кои остануваат преценети, но со скапи обврзници и негативни приноси од банкарски производи, инвеститорите не гледаат алтернатива. Не е време за крајности во портфолиото, бидејќи можеме да очекуваме подобри можности за купување во наредните недели, главно поради повеќе информации за претстојниот стимулативен пакет. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка и за обврзници и за акции, а интересот на инвеститоротите за акции од технолошкиот сектор е сè уште најсилен, но претпазливоста не е излишна со оглед на високите проценки. Исто така, вреди да се погледне надвор од технолошкиот сектор, бидејќи можностите и пред сè значително пониските проценки, се појавуваат на друго место. Најновите деловни резултати се поохрабрувачки во некои „заборавени“ индустрии. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи проценки имаат тенденција да даваат подпросечни приноси во следната деценија. Ситуацијата на светските економии е многу поинаква и неизвесната претстојна зима ветува зголемена нестабилност, но трендот на раст на пазарите, главно како резултат на очекуваниот стимул може да продолжи. Политичката неизвесност околу изборите во САД е на својот врв, но самите избори не мора да значи дека ќе донесат спас. Потребен е избалансиран пристап кон инвестициите со давање на поголемо учество на индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова вклучува здравствена заштита, лична потрошувачка и нега како и технологија. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. За трпеливиот инвеститор, ова е веројатно време да се зголеми изложеноста на сегменти на пазарот каде што валуациите не се превисоки.


Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка