29 Март, 2024
0.0269

Генерали инвестмент: Цените на акциите пораснаа, можна брза и длабока корекција

Објавено во: Финансии 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања

– Втората недела од септември донесе забавување на берзите, иако корекцијата на технолошките акции продолжи. Пандемијата се смири во САД и Јужна Америка, каде се прават помалку испитувања отколку во минатото, а бројот на заразени лица во Европа достигнува рекордно ниво при рекордни нивоа на тестирање, но смртноста и хоспитализациите остануваат значително помали отколку во пролетта. Со подобро запознавање на вирусот, имаме подобар одговор, но сепак постои страв од тоа што ќе донесе доцната есен и зима, кога ќе се појави периодот на настинка и грип. Земјите силно избегнуваат заострување на обемот на ограничувања и карантини бидејќи тие имаат големо негативно влијание врз економиите, но неизвесноста во некои сегменти особено во услужниот сектор е значителна и предвидувањата за економската активност се прилично несигурни. Туризмот, авионската индустрија и сродните услуги продолжуваат да се намалуваат, а есенската сезона во Европа е сериозно ограничена и зависна главно од локални (домашни) гости. Економската активност продолжува да се зајакнува, но останува далеку под нивото пред корона кризата. Најновите кинески економски податоци покажуваат солидна слика за извозот и за увозот, а Кина е една од првите земји каде аналитичарите за нијанса ги подобрија своите прогнози за раст на БДП, особено за 2021 година. Претстои потешкиот дел од закрепнувањето, бидејќи треба да се задржат позитивните летни трендови, а централните банки и владите продолжуваат да делуваат стимулативно. Каматните стапки ќе останат многу ниски уште долго време (се зборува за пет години и повеќе). Земјите продолжуваат со некои мерки преземени во пролетта за да им помогнат на економиите, но на овие мерки полека им истекува времето. Компаниите кои изминатиот период не го прилагодија своето работење на новонастанатата ситуација, имаат мрачна иднина. Негативната реторика меѓу САД и Кина продолжува, сега веќе видлива главно преку притисокот врз апликацијата TikTok, а најновиот деловен партнер изгледа дека ќе биде компанијата Oracle. Солидната позиција на европската економија и затишјето на политичката сцена, продолжуваат да го зајакнуваат еврото во однос на доларот, што сè повеќе ја загрижува ЕЦБ, а преговорите за Брегзит кои не само што се во застој, туку очигледно назадуваат со заострената реторика и ќе го задушат растот на еврото во споредба со доларот.

- Корекцијата на пазарите продолжи минатата недела, иако не беше толку изразена како во првата недела од септември. Повторно најбрзо растечки беа акциите од технолошкиот сектор и особено акциите каде што проценките се скоро бајковити. За време на викендот излегоа некои предвидувања за големи аквизиции (Nvidia го купува ARM Holdings, TikTok од страна на Oracle и Gilead кои купуваат портфолио на лекови против рак), што го врати пазарот на позитивна територија, но ќе видиме дали овој лек ќе ги даде посакуваните резултат. Проценките особено на технолошките акции и акциите поврзани со on-line или „Остани дома“ економијата, остануваат многу високи. Ситуацијата продолжува да потсетува на 1999 и 2000 година, пред да пукне .com меурот.  Централните банки се уверени дека парите се прелеваат на пазарите на капитал, а последното соопштение на ФЕД укажува дека поддршката ќе продолжи и во иднина. Инвеститорите се чини дека немаат алтернатива поради ниските каматни стапки. Работата на технолошките компании е добра, стапките на раст се високи, но јазот помеѓу растот на бизнисот и растот на цените е (премногу) голем и покрај последната корекција, а причините се наоѓаат во веќе споменатата релаксирана политика на централните банки и ниските каматни стапки. Компанијата Snowflake која нуди cloud интернет услуги, подготвува нова емисија на акции и очигледно ќе биде разграбана, но проценката од 34 милијарди долари со 532 милиони долари приходи се граничи со бајка. Цената веројатно ќе порасне на почетокот на котацијата, бидејќи медиумски е добро поддржана, но нема простор за грешки при вакви проценки. Во САД неизвесноста се зголемува како што се приближуваат изборите, а тоа се рефлектира на зголемената нестабилност на пазарите, што очекуваме да продолжи и во периодот есен-зима. Високите проценки на пазарите, а особено на технолошките акции укажуваат на претпазливост.

Совети за инвеститорите

Повторно ги задржуваме препораките што ги повторуваме со недели. Некои индустрии и акции се многу скапи, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Сепак, нема време за екстремности во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото. Препорачливо е да се распредели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка  како за обврзниците така и за акциите продолжува и покрај корекцијата го принудува растот пред се на цените на технолошките акции, но намалувањето или повлекувањето на поддршката може брзо да донесе силна корекција. И покрај релативно слабата позиција на глобалните економии и неизвесната есен, трендот на раст на пазарите може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД и поради тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, а со поголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се скапи и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. И покрај неколкудневната корекција, се намали само августовскиот раст, а приносите на овие акции уште се над просекот од почетокот на годината. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за  намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја рапсределат во подолг временски период. Бидејќи цените на некои акции нагло се зголемија во последните месеци и уште се високи и покрај последната корекција, добивките на хартија се големи, можниот посилен пресврт на трендот може да донесе до брза и длабока корекција.


Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап