Газдите кои не исплатиле плати да одговараат кривично: Првиот синдикалец Димовски бара затворски казни
Објавено во: Економија 29 Јули, 2020
Над 700 работодавачи не им ги исплатиле платите на вработените и покрај тоа што добиле државни субвенции. По директорката на Управата за јавни приходи вчера, денеска и Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати вели дека имало злоупотреби на Законот за работни односи. Тој во изјава за „Слободна ТВ“ вели дека овие работодавачи треба кривично да одговараат.
„Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките. Од УЈП беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и согласно законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но тоа не е доволно и мора кривично да се одговора, вели Димовски.
Во јавноста доста се коментираше за ова по вчерашната објава на директорката на УЈП Сања Лукаревска. Таа апелираше овие работодавачи да ги исплатат платите, но се бара и да бидат санкционирани за тоа.