28 Март, 2024
0.0257

ГАЗДИТЕ ДА НЕ СИ ИГРААТ - за минималната плата ќе има и казни

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Доколку не ја исплаќаат минималната плата, газдите ризикуваат да заработат и казни. 

И тоа, микро и малите работодавачи можат да добијат глоба од 300 до 400 евра, а казните ќе бидат поголеми, од 500 до 600 евра - за средните работодавачи, и најголеми - од 800 до 1.000 евра за големите работодавачи. Сето ова ќе ги снајде ако на вработените не им исплатат минимална плата и придонеси, во согласност со новите законски измени.

Казни се предвидени и за управителите, и тоа 150 евра за одговорното лице кај микро и малите работодавачи, 300 евра кај средните, и 400 евра кај големите компании.

Народните избраници вчера ги изгласаа измените на Законот за минимална плата, која ќе тежи 14.500 денари, стартувајќи од декемвриската плата.

Ако инспекторот за труд утврди дека фирмата не ја исплатила минималната плата, должен е да состави записник и на газдата да му изрече опомена, како и да определи рок во кој тој е должен да ги отстрани неправилностите. Ако по истекот на тој рок, инспекторот утврди дека тоа не е сторено, треба да му нареди со решение на газдата да им исплати минимална плата на работниците, и дава предлог за порамнување со издавање на прекршочен платен налог на одговорното лице. Ако работодавачот тоа не го прифати, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка до надлежен орган.

А доколку, пак, газдата, потоа во период од една година повторно направи ваква грешка, инспекторот со решение ќе ја забрани неговата работа во траење од 15 дена, ќе му нареди на работодавачот на вработените да им исплати минимална плата и придонеси и ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.

„За време на забраната за работа, работодавачот е должен на работниците да им исплати минимална плата и придонеси од минимална плата согласно закон. По истекот на забраната за работа, работодавачот не смее да го намали бројот на вработените во наредните три месеци“, стои во законските измени.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат