25 Април, 2024
0.0310

ГАЗДИТЕ ДА НЕ СИ ИГРААТ - имаат уште 15 дена да исплатат К15, а ако не, трудовите инспектори конечно да ги казнат, бара ССМ

Објавено во: Финансии 15 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија декнеска предупреди дека обидите за манипулирање и создавање на сомнеж кај работниците од страна на некакви невладини организации, кои, како што велат, се кажуваат дека работат на заштита на работничките права, па и од државни институции, мора да престанат.

„Регрес за годишен одмор за работниците од приватниот сектор мора да се исплати, а потсетуваме и дека важењето на колективните договори не може да се суспендира од страна на државни органи. 

Работодавачите, невладините организации и државниот инспекторат за труд да не чекаат дали требало или не требало да се исплати регресот за годишен одмор и да се надеваат дека некој ќе ги ослободи од оваа обврска“, пишуваат од Синдикатот. 

Додаваат дека ССМ и Организацијата на работодавачи на Македонија, со потпишување на Општиот Колективен договор, веќе кажале дека мора да се исплаќа регресот за годишен одмор.

„ССМ како единствен репрезентативен синдникат во Државата очекува работодавачите да ја исполнат обврската за исплата на регрес за годишен одмор така како што е утврдена во Колективните договори, а ги потсетуваме работодавачите дека имаат уште 15 дена до крајот на годината, а потоа конечно очекуваме надлежните инспекциски служби да ги казни оние кои нема да ја исполнат оваа обврска и да ги задолжат со Решение истата да ја исполнат.

Согласно член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството регресот​ за годишен одмор се исплатува во ​ висина ​ од најмалку ​ 40 отсто од основицата,​ под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач“, децидни се од Синдикатот.

Децидни се дек општиот колективен дговор за приватниот сектор се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сктор и нема исклучоци“, потенцираат од ССМ. 

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо