„Гаспром“ тврди дека повторно ќе пушти гас преку Австрија
Објавено во: Економија 05 Октомври, 2022
Рускиот енергетски гигант Гаспром во средата објави дека ќе
продолжи со испораките на гас преку Австрија, главно во Италија, откако
постигна договор за регулаторни промени со Австрија.
„Гаспром“ додава дека е најдено решение кај италијанските клиенти за продажба на гас по регулаторните промени во Австрија.
„Австрискиот оператор рече дека е подготвен да го потврди транспортот“ преку ДОО „Гаспром експорт“, што ќе овозможи рускиот гас повторно да тече низ Австрија, според нафтениот гигант „Гаспром“, контролиран од Кремљ.
Австриската влада соопшти дека Гаспром сè уште не ги потпишал потребните договори.
Рускиот гас сочинува околу 10 отсто од италијанскиот увоз, што е значително помалку од претходните 40 отсто, изјави информиран извор, додека уделот на гас што Италија го увезува од Алжир и од север е зголемен.
Фото: EPA