ГАЛЕРИЈА: Посетете го манастирот Свети Никола Шишевски и уживајте на Матка
Објавено во: Македонија, Галерија 21 Јули, 2020
Манастирот Свети Никола Шишевски, е сместен високо на една зарамнета тераса на карпите, над десниот брег над вештачкото езеро Матка.
Еве ви идеја каде да прошетате летово, додека постојат ограничувања за патување надвор од земјава.
Точниот датум на изградбата на манастирската црква посветена на Свети Никола е непознат. Сепак постои податок дека црквата била изградена или обновена во 1345 година од страна на поп Ненад и други ктитори.
фото Вангел Тануровски