ГАЛЕРИЈА: Плоштадот „Македонија“ се полни: И столицата „го чека“ Папата
Објавено во: Македонија, Галерија 07 Мај, 2019
Уште од рано утринава плоштадот „Македонија“ е исполнет со насмевки . Се полни со луѓе и туристи а заедно со фотографот на Фактор денеска од таму директно ќе ви ја пренесуваме атмосферата.
На плоштадот е речиси беспрекорно подготвено се за папата Франциск кој таму ќе отслужи Света литургија пред скоро 15 илјади граѓани, високи гости, верници и странски државјани.
Имено, папската уникатна столица е изработена од орев стар 120 години а ја изработи работилницата „Монозеро“ од Волково.
Папската столица, ја симболизира светата столица, на која седи поглаварот на Католичката црква во Ватикан.
За време на државни посетите на папата, земјата домаќин ја има обврската да обезбеди столица која ќе го замени светиот престол на папата, но по строги правила и целосна контрола директно од протоколот на Ватикан и Католичката црква.
Ѕирнете како е таму во овој момент:
ФОТО: ФАКТОР/ВАНГЕЛ ТАНУРОВСКИ