(ГАЛЕРИЈА) Граѓани и политичари уживаа во хитовите на „Квин“
Објавено во: Македонија, Галерија 23 Јуни, 2018
Најголемите хитови на групата „Квин“ синоќа го наполнија Градскиот парк во Скопје.
„Квин“ го слушаа и премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот Бујар Османи, како и гостите на градоначалникот Петре Шилегов, градоначалниците на Атина Јоргос Каминис, на Загреб Милан Бандиќ и на Приштина Шпенд Ахмети.
ФОТО ФАКТОР