21 Април, 2018
0.0612

(ГАЛЕРИЈА) ЕМОТИВЕН ВАСИЛИЧАРСКИ КОНЦЕРТ ВО МОБ: Назад во времето на златните осумдесетти

Објавено во: Стил, Галерија 13 Јануари, 2018

Во златното музичко време од осумдесетите и од деведесеттите години не вратија домашните поп-рок и оперски пејачи, на традиционалниот Василичарски концерт насловен „Simply The Best“, кој се одржа сношти во МОБ.

Уживање беше да се слуша една Наде Талевска во беспрекорната изведба на „Aquarius“, силниот вокал на Елена Петреска во хитот „Sweet Child Of Mine“, овациите за Дани Димитровска на која совршено и легна „црниот сомот“ на Алана Мајлс или заслужено силниот аплауз за Бени и Нон стоп за хотелот Калифорнија. Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е веќе докажан во евергрините, па така со право му беше доделен безвременски хит од Фреди Меркјури, а ништо полош во улогата на пејачот на „Квин“ не беше ни Александар Тарабунов.


Концертот прекрасно го отвори Ана Мицковска, а во вториот дел ни понуди една богата женска верзија на Џорџ Мајкл. Сите пофалби и за младата пејачка Александар Јанева, која заедно со Наде Талевска и со Елена Петреска моќно го приврши концертот, пеејќи ја во трио „Lady Marmalade“. Од Хрватска гостуваше Бојан Јамброшиќ, а за убавата и романтична атмосфера помогнаа и пејачите Наташа Малинкова, Даниел Дан и Лена Затковска-Моротова. Пејачот Горан Наумовски звучеше како копија на Тина Тарнер на крајот, пеејќи ја со своите колеги насловната тема, која сосема го оправда поводот- „Едноставно најдоброто“.

Повеќе прочитајте на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Со ова заштедија 800 години во работни часови

Со ова заштедија 800 години во работни часови

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Арсен Венгер официјално си заминува од Арсенал на крајот од сезоната

Арсен Венгер официјално си заминува од Арсенал на крајот од сезоната

Д-р Светлана Смугреска, педијатар: Најважна е довербата лекар-пациент

Д-р Светлана Смугреска, педијатар: Најважна е довербата лекар-пациент

Трендо: Убава е и тишината која сам ја мезиш

Трендо: Убава е и тишината која сам ја мезиш

Родители на распуст

Родители на распуст