19 Април, 2024
0.0273

Galaxy Buds+: Променете го начинот на кој што го доживувате звукот

Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Потпирајќи се на исклучителниот безжичен звук на познатите Galaxy Buds слушалки, компанијата Samsung ги претставува новите Galaxy Buds+, кои во претпродажба се достапни со новите паметни телефони S20+ и S20 Ultra. Galaxy Buds+ им овозможуваат на корисниците да уживаат во звукот на студискиот квалитет со помош на напредните звучници и микрофон, батерија која што трае цел ден и флексибилни подесувања на аудио перформансите.

Аудио искуство на новата генерација

Со AKG перформансите, Galaxy Buds обезбедуваат иновативно аудио искуство за корисниците во движење, додека Samsung дополнително ја зголемува скалата за квалитет на звукот со Galaxy Buds+. Покрај извонредната технологија AKG, Samsung Galaxy Buds + доаѓа со врвен двостран систем на звучници, со сите дополнителни високотонски, како и со бас звучник за подлабоки тонови. Со Galaxy Buds+, секој звук е избалансиран и јасен.

За оние кои што се потпираат на своите безжични слушалки за повици и видео повици, Galaxy Buds + доаѓа со три микрофони, еден внатрешен и два надворешни, за кристално чисто снимање на звук. Надворешните микрофони користат специјална технологија за создавање на звучни снопови за да го пренесат гласот на корисникот, минимизирајќи ги звуците во позадина, така што соговорникот секогаш слуша јасно, без разлика каде се наоѓа.

Со подобрениот Ambient Sound[1], корисниците можат да го стишат надворешниот свет кога сакаат, или да ги засилат звуците во позадина кога треба да бидат во состојба на мирување, со избирање на режими како што се low, medium, high и extra high.

Немате каде да ја наполните батеријата? Нема проблем.

Нема ништо поразочарувачко како ситуацијата во која безжичните слушалки ќе останат со празна батерија додека го слушате вашиот омилен подкаст, а не сте во можност да ги наполните. Благодарејќи на моќната батерија од 85mAh, Galaxy Buds + се совршен сопатник за оние кои сакаат да слушаат различни содржини додека се во движење, бидејќи овозможуваат 11 часовно слушање музика[2], а овој временски период може да се удвои на 22 часа кога ќе се постават во безжичното куќиште за полнење од 270mAh. Кога корисниците се во брзање и сакаат да го наполнат својот уред, за само три минути тие можат да ги наполнат Galaxy Buds+ на капацитет за плејбек од 60 минути, користејќи ја можноста за Wireless Powershare[3].

Контролирајте го уредот на полесен начин од кога било досега

Сосема нови можности за контрола на допир им овозможуваат на корисниците на Galaxy Buds+ да го контролираат уредот дури и додека ги држат своите паметни телефони. Со еден допир, тие можат да пуштаат или паузираат музика, со двоен допир можат да преминат на следната песна или да одговорат на повик, а потегот на допирање и задржување на прстот може да биде поставен на онаа команда која што му е најпотребна на корисникот.

Поврзаноста се среќава со едноставноста

Galaxy Buds+ овозможуваат вмрежено уживање во музиката, со многу едноставни поставки. Кога ќе се поврзат со Galaxy паметен телефон, Galaxy Buds+ автоматски стануваат достапни за употреба преку сите други уреди поврзани на истата сметка на Samsung[4]. Апликацијата Buds+, именувана како Galaxy Buds+ сега е компатибилна со iOS, така што ќе можете да уживате во одлично аудио искуство без разлика на тоа  кој уред го користите.

Galaxy Buds+ се секогаш вклучени, вмрежени и подготвени за употреба, така што никогаш нема да чекате да ја слушате посакуваната содржина.

#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија, Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на телевизорите, паметнитетелефони, уредите за носење, таблетите и дигиталните домашни уреди, мрежни и LSI системи, меморија и LED технологии. За дополнителниинформации и вести, посетете ја news.samsung.com.



[1] Ambient Sound можностите се достапни преку Galaxy Wearable апликацијата на оперативниот систем Android, преку Google Play Store и Galaxy Buds+ апликацијата на iOS уредите, преку App Store.

[2] Просечното траење на батеријата е 11 часа во типична употреба на Galaxy Buds+. Поставувањето во куќиштето може да обезбеди дополнителни 11 часа на траење на батеријата. Траењето на батеријата може да варира.

[3] Wireless PowerShare е ограничен на Samsung паметни телефони или паметни телефони од трети произведувачи со WPC Qi можност за безжично полнење. Проверете на samsung.com за компатибилност. Можно е оваа функција да не работи со одредени уреди на други брендови.

[4]Pop-up прозорецот за поврзување ќе се појави само на Samsung уредите што работат со Android 7.1.1. или на најновиот оперативен систем што има инсталирана апликација SmartThings. Ако pop-up прозорец не се појави, ажурирајте ја апликацијата SmartThing со најновата верзија.


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ