23 Април, 2024
0.0264

Функционирање на прехрамбениот ланец кај реализација на органските производи

Објавено во: Колумни 30 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Состојбата и проблемите на прехрамбениот ланец се повеќе се во фокусот на ЕУ, како еден од актуелните проблеми на нејзината политика. Отсуството на рамнотежа     во оделни делови на ланецот, како и колебањето на цените, имаат негативно влијание врз производството и побарувачката. Од своја страна тоа не придонесува за одржливо функционирање на земјоделството во национален и меѓународен план, ниту за решавање на проблемите кои можат да се јават кај исхраната на населението. Затоа, проблемите на одржливо функционираењ на прехрабениот ланец стануваат се поактуелни како во теоретски така и во практичен план.

   Под одржливост на прехрамбениот ланец и поединечно на  прехрамбениот ланец со органски производи се разбира, пред се, доколку  деловите (секторите) се способни да задржат и да ги шират своите пазарни позиции, а во исто време да се справат со економските регулаторни општествени предиспозиции. Односно под одржливост на прехрамбениот ланец со биолошки производи во функционален аспект се подразбира, како тековна состојба на одеделни алки во ланецот, така и нивните можности во иднина да фунцкионираат ефективно и да ги зачуваат позарните позиции. Одржливоста на прехрамбениот ланец ги разгледува интегрирано одделните етапи во производството на храна, обидувајќи се да ги оцени и прикаже последиците и ефектите од проблемите на секоја етапа и ниво на производство.

   Производството во системот, “органско производство” како и реализацијата и побарувачката на производите од него не е исклучок од општата слика на развој на прехрамбениот ланец и е важна алка во него. Во својата политика, во развиените земји се ставаат се повеќе акценти на органското производство како еден од начините за постигнување на одржлив развој. Се акцептира идејата дека треба да се охрабрува квалитетот, а не количеството кога се стимулира органскиот сектор и другите  природно заштитни методи на земјоделска обработка. Бидејќи земјоделството е уникатен систем кој произведува  не само трговски производи, туку и општествено благо и услуги на екосистемот и важни еколошки услуги (биолошка разновидност, заштита и чување на водите на почвите ламдшафт ,                    и др.).

  Општо познато е дека производите се конкурентни кога се произведуваат со повисок квалитет ,а со пониски производни  трошоци од тие на конкуретните. И покрај тоа што конкуретската способност на производите е поврзана пред се со економските аспекти на анлаиза, факторите, кои имаат влијание на зголемување или намалување на конкурентската способност на органските производи и водат до одржливост на нивната понуда и побарувачка, имаат до голем степен социјална и еколошка условеност. Тоа е така, бидејќи органското производство може да се каже дека е финомен во земјоделската практика, кои што не се сведуваат само и единствено до земјоделската практика туку ги има и своите филозофски, социјални инситуционални и еколошки корени, кои обусловуваат и некои негови важни црти.

   Како што веќе предочивме, одржливоста на функцинирањето на прехрамбениот ланец како цело се прифаќа како способност да одговори на проблеми и прифаќа предизвици од различен карактер – економски, регулаторен, општествен. Аналогно пазарот на органски производи не се детерминира и кооридинира од еден принцип, туку има во предвид делувањето на тие три аспекти – општествен или социјален, регулаторен, (институционален и економски (цена и добивка). Како дополнување имаме и еколошки аспект кој е поврзан со вредности, кои ги споделуваат мнозинството потрошувачи, а тоа е заштита на животната средина и здравјето на животните.  Така , може  да се обопшти, дека за одржливо функционирање на органско производство, играат улога многу објективни и субјективни факатори: зголемување на површините на културите, одгледување на зголемените количини на органски производи, ширење на гамата органско одгледувани култури, како гаранција за разновидност на асортиманот на понудата на органски производи, ниво на информираност на потрошувачите, цените на органските производи, зголемување на разновидноста на асортиманот, државната политика во однос на органското производство и др.

   Можно е поради фактот дека, органското земјоделство кај нас е млад сектори, има силен недостаток на официјални статистички податоци за некои од изнесените погоре аспекти.

   Органските производи до потрошувачите можат да стасаат преку различни пазарни места – големи трговски ланци, специјалицирани продавници за биопроизводи, фармерски пазари и директна продажба онлајн трговија и др. Најголем дел се реализираат преку специјализираните штандови на големите трговски ланци.

   Основен фактор кај изборот на производи, особено кај лица со ниски доходи е цената. Некои, органското земјоделство го викаат луксузно производство на храна. Повисоките стандарди кај одгледувањето на животните и заштита на природата во органското земјоделство несомнено означуваат дека органското производство е се поскапо. Еве пример на неколку  производи со цена на конвекционални и цени на органски производи во еден ланец во Велика Британија: јаболко (700 грама),конвенционална цена 0,97 лири, органско произовдство 1,97 лри. Брокули (кг) 1,74 лири односно 3,88 лири. Пилешко месо (кг) 92 лири, односно органско 5,99 лири, млеко (л) 0,55 лири, односно 0,76 лири, јогурт (500гр) 0,89 лири нодносно 1,12 лири, мед 100 грама  0,20 лири односно 0,65 лири итн. На 15 производи од истиот ланец повисоката цена на органските производи во однос на конвенционалното е повисока од 5,3% до 225 %. 


Проф. Б. Анакиев, Проф. Ромина Кабранова

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок