Добивај вести на Viber
Француската влада и официјално го претстави предлог буџетот за 2013 година, со кој се предвидуваат остри мерки за кратење на јавниот долг кој треба да биде сведен на 3 отсто од БДП. За да се оствари зацртаната цел, ќе мора да се најдат дополнителни 30 милијарди евра. На овие пари треба да се додадат веќе одобрените 7 милијарди евра во јули оваа година, како и 2,5 милијарди кои ќе треба да се издвојат за системот на социјална заштита.
Инаку, јавниот долг на Франција во вториот овогодишен квартал достигна 91 отсто од БДП, соопшти Заводот за статистика во Париз. Јавниот долг порасна за 43,2 милијарди евра од крајот на март, на вкупно 1.833 милијарди евра до крајот на јуни.