28 Март, 2024
0.0256

ФРАНКЕШТАЈН ИЛИ СУПЕРМУТАНТ: Има четири други мутации, а нив не ги зборувате, вели Шеклер

Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Целиот свет беше вознемирен од веста дека во Јужна Африка е откриен нов вид на корона вирус, варијанта која брзо беше прогласена за загрижувачка и го доби името омикрон. Светските медиуми пишуваат дека станува збор за најопасниот сој досега бидејќи има најмногу мутации. Сепак дел од експертите доктори сметаат дека не треба да се крева толкава паника. Едни од најпознатите и најекспонирани српски имунолози Предраг Кон и Миланко Шеклер изјавија денеска дека не треба да се прави сензационализам, да се внимава и граѓаните да се вакцвинираат со вакцините кои постојат и сега. 

„Кога се употребуваат зборови кои намерно привлекуваат внимание, тогаш се добива вакво нешто. Секако мислам дека не смееме да игнорираме. На 11 ноември беше откриен сој, релативно брзо му дадоа име и стана загрижувачка варијанта, со сериозни потенцијали, но ова е сепак релативно кратко време за големи заклучоци. Можете да ја видите способноста на тој пренос, моментално најмногу се споменуваат Јужноафриканската Република и шесте земји околу неа, а ова околу е сето тоа одреден увоз во европските земји и Израел, “ изјави епидемиологот д-р Предраг Кон.

Вирологот од Ветеринарниот специјалистички институт во Краљево, д-р Миланко Шеклер, беше многу поостар и истакна дека ужасно му пречат имиња како Франкенштајн сој или супермутант.

„Тоа што го кажуваат звучи ужасно, но не е факт - тоа „Франкенштајн“, супермутант, такви изрази, за мене е екстремно, нема да кажам непрофесионално. Ако Светската здравствена организација (СЗО) која се занимава со класификација вели се уште немаме доволни податоци, дека само 100 вируси се секвенционираат од целиот геном, дека има многу мутации, но дека во овој момент не можеме да знаеме како тие мутации ќе влијаат на однесувањето на вирусот, зошто никој не го пренесува тоа, но сите се заинтересирани за изразите супермутант и Франкенштајн? прашува Шеклер.

СЗО предупредува дека се потребни недели за да се видат карактеристиките на овој вирус. Сепак од Јужноафриканската Република велат дека нема информации дека има поголема смртност, односно дека клиничката слика е променета.

Беше алфа, бета, гама, делта, му, бразилски сој... Сакате ли да ве потсетам колку соеви поминаа во овие 21 месец? И секогаш кога ќе се појави нов збор, истото, почнува драма, супермутант, индиски двоен мутант, немојте луѓе, нема потреба од тоа, чекајте еден месец да се направат тестовите. Во овој момент не постои генијалец кој може да каже дали овој вирус ги променил карактеристиките во однос на поголема патогеност, преносливост, потешка клиничка слика и избегнување на имунолошкиот одговор. Нема кој да го каже тоа без да го поткрепи со факти. Тие факти мора да се чекаат, а за Франкенштајн, супермутантот, не може да се зборува така по три недели. Дури се тврди и дека сите ќе умреме“, налутено рече д-р Шеклер и продолжи:

„Овој сој беше во групата на интересни пред еден месец, сега е во загрижувачки варијанти, но такви има четири во моментов. Вас за останатите не ви е гајле. И алфа, бета, ламбда беа вознемирувачки, и делта, потоа делта плус, вели д-р Шеклер.

На крајот, д-р Шеклер им порача на сите дека најдобар начин да се заштитат е вакцинацијата.

„Мојата порака е најдобрата борба против омикрон е - вакцинирајте се. Не размислувајте за омикрон, вакцинирајте се со достапните вакцини, вели докторот.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)