20 Април, 2024
0.0333

ФРАНЦУСКИ МЕДИУМИ: Земјата нема да ја изгуби својата душа, викајќи се „Република Северна Македонија“

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Француското меѓународно радио, објави: „Македонија: историски договор во Парламентот за промена на името“, понатаму се наведува дека ова „е крај, или скоро крај, на старата кавга меѓу Грција и Македонија. 

Француските медиуми опширно пишуваат за дадената согласност на Македонскиот парламент за промена на Уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија, јавува дописникот на МИА.

Угледниот париски весник „Ле Монд“ нагласува дека процесот за историскиот договор склучен во јуни меѓу Скопје и Атина беше „долг и полн со пречки“. По одлуката на Македонскиот парламент, сега Атина е таа која треба да го исполни својот дел од договорот, за да се стави крај на спорот стар триесет години. Според „Ле Монд“ гласањето во грчкиот парламент се очекува до крајот на месецот и тоа е неизвесно.

Интересно е дека во сите текстови посветени на уставните промени, франкофонските медиуми пишуваат „Македонија“, „Македонски парламент“, или како што напиша париски „Ла Круа“ непосредно пред гласањето  под насловот „Епилог на повидок за новото име на Македонија“, во кое го цитира шефот на македонската дипломатија кој пред околу еден месец беше во Париз и каде на повеќе пати повтори „Ние ќе останеме Македонци, ние ќе продолжиме да зборуваме македонски“, со други зборови како што заклучува весникот земјата нема да ја изгуби својата душа, викајќи се „Република Северна Македонија“. 

Сите француски и франкофонски медиуми забележуваат дека резултатот од гласањето бил „тесeн“ со само еден глас повеќе од потребното мнозинство и дека опозицијата од десницата не зела учество, освен дел од неа која гласала заедно со парламентарното мнозинство. Ова е резимирано од „Курие Интернационал“, а притоа се нагласува дека „Ако Македонија сега го ратификувала договорот (од Преспа) сега на потег е грчкиот парламент“. Францускиот неделник го пренесува пишувањето на порталот „Политико“ од Брисел дека Алексис Ципрас се мачи да го обезбеди мнозинството по ова прашање но гласањето ќе биде во наредните седници.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра