Француски градоначалник издаде необична наредба
Објавено во: Свет 20 Септември, 2019
Првиот човек на една Општина на западот во Франција потпиша уредба со која им укажа на жителите дека треба да „бидат весели“ недела дена во октомври за време на локалниот фестивал во кој е забрането читање книги и приказни со несреќен завршеток, како и слушање на тажна музика.
Фреди Рифо, непартискиот градоначалник на општината Есар-ан-Бокаж, која има 9.000 жители, објави „службена градска одлука“ со која од 5 до 11 октомври ќе се одржи првиот музички фестивал „Радосен град“.
Рифо кој половина од работното време работи во информатичкиот сектор, објасни дека во земјата постои „премногу тмурно расположение“, па неговата уредба придонесува да се „пробуди духот на радоста“ кај неговото население.