19 Април, 2024
0.0374

ФРАНЦИЈА ЌЕ ИМА НОВИ БАРАЊА: Повторно ќе се пролонгира отворањето на преговорите за Македонија?

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел со часови бараат заеднички јазик кога станува збор за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија.

Дипломатски извори наведуваат дека земјите членки се обидуваат да дојдат до заеднички текст на заклучоци со кој би се испратила позитивна порака до земјите кандидатки, но не и зелено светло за старт на пристапните преговори.

Разговорите на ЕУ лидерите за проширување и процес на пристапување во Унијата почнаа нешто после седум часот вечерта, а заеднички став немало ниту после полноќ, пренесува Танјуг.

Од друга страна пак Дојче веле цитирајќи висок француски дипломат пренедува дека Париз има ново барање за Македонија а тоа е во следните шест месеци Скопје да спроведе дополнителни реформи за да одобри почеток на преговорите.

Сепак, не се посочува за какви реформи се работи.

Од друга страна голем број на земји од ЕУ веруваат дека пристапните преговори треба да започнат и со Албанија и со Македонија, група на земји, вклучително и Холандија, Данска и Шпанија, се за започнување преговори само со Скопје, велат извори на средбата.

Во исто време, Франција, Италија и Германија ја отфрлаат идејата за раздвојување на почетокот на разговорите на Тирана и Скопје.

Покрај тоа што се спротивставува на започнувањето на преговорите со двете држави, Франција е и за промена на методологијата на пристапниот процес.

Извори на Европскиот совет велат дека пред сè, Франција, Германија, Холандија и Данска се обидуваат да го усогласат текстот што ќе ги одложи разговорите за пристапување на Албанија и Северна Македонија во 2020 година, но исто така ќе се обидат да ги „охрабрат“ двете држави.

Прашањето за проширувањето беше првата точка на разговор на лидерите за време на вечерата во Брисел, веднаш по донесувањето на договорот за Брегзит.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, го додаде ова прашање на агендата на самитот на ЕУ по неуспехот на европските министри да постигнат консензус за нови чекори во пристапниот процес на Скопје и Тирана.

Финското претседателство на ЕУ соопшти дека државите членки ги разгледале сите можни опции, вклучително и одвојување на почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, со цел да се постигне напредок.

Во оваа прилика, Франција остана во став дека ниту една земја не ги исполнила условите за почеток на преговорите, но и дека целиот процес на пристапување треба да се реформира пред да може да се продолжи интеграцијата на земјите што сакаат да станат нови членки на Унијата.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба