25 Април, 2024
0.0299

Франција ја зема цела ЕУ како свој заложник, одбивајќи ги преговорите на Македонија и Албанија

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Тања Фајон смета дека Франција ја зела како заложник цела ЕУ, одбивајќи да ги отвори преговорите со Македонија и Албанија.

Европратеничката од Словенија и копретседавач на парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација на парламентот ЕУ и Србија вели дека процесот на Франција „не е славен момент за ЕУ“.

„Неколку пати се пожалив поради непочнатите преговори со Албанија и Северна Македонија. Франција цела ЕУ ја зеде како заложник“, рече Фајон во интервјуто за порталот Радиосараево.

Таа истакна дека европската интеграција на Западен Балкан „е и останува важна стратешка политика во наш заеднички интерес“.

Фајон ги повика водачите на ЕУ да разјаснат зошто не го исполнуваат ветувањето за почеток на разговорите за пристапување со  Македонија и Албанија, додавајќи дека „се тестира нивната заложба за европска интеграција во Западен Балкан“.

"Тоа посебно се однесува конкретно на Франција. Покрај Франција, кога станува збор за другите балкански земји, ги имаме и Холандија, Данска, Германија ...", рече таа.

На прашањето дали ставот на тие земји отвора простор за влијанието на другите - Русија, Турција, Кина на Западен Балкан, Фајон рече дека „ЕУ тоа сигурно го гледа“.

„Сега сме во ситуација кога сè уште чекаме на новата Европска комисија. Бевме, секако, многу јасни дека одговорноста за недонесување позитивна одлука не беше на земјите што со право се надеваа на позитивен исход. Тие го исполнија тоа што го ветија. ЕУ  е таа што не го исполни ветувањето заради внатрешни теми“, рече европратеникот.

На прашањето дали визите за граѓаните на ЕУ ќе бидат вратени во земјите од Западен Балкан, Фајон рече дека не верува дека ниту една земја на ЕУ ќе бара откажување од визата за која било земја од Западен Балкан, иако ЕУ има проблеми со бегалците и мигрантите , со Шенген, како и проблемот со внатрешните гранични контроли како резултат на пристигнување на нередовните мигранти.

„Како известувач за лиценца за безвизен режим за Косово, јас би сакала прво да биде усвоен, а потоа целиот Западен Балкан да има режим без визи“, додаде Фајон.

Одговарајќи на прашања за тоа што очекува од претседателството на Хрватска во ЕУ, таа рече дека Хрватска ќе преземе голема одговорност.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг