(ФОТО+ВИДЕО) „Жолтите елеци“ запалија автомобили и демолираа банка
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2019
Водени топови и солзавец употреби француската полиција во Париз против демонстрантите од движењето „Жолти елеци“.
Два автомобили беа превртени, еден скутер и еден автомобил запалени. Полицијата соопшти дека досега се уапсени 33 луѓе.
Демонстрантите, од кои многумина облечени во црно и со скриени лица, ја демолираа ХЦБЦ банката на Плас д’Итали во јужниот дел на градот. Тие запалија корпи за отпадоци и фрлаа камења и шишиња кон полицијата која поставуваше барикади.
Полицајците денеска ги растераа демонстрантите кои се обидоа да ја блокираат обиколницата околу Париз.
Дел од демонстрантите кои се собираат во Париз носат жолти сообраќајни елеци по кои движењето го доби називот, а други се целосно облечени во црно и носат гас-маски.
Претседателот Емануел Макрон се откажа од најавениот данок и понуди 10 милијарди евра за исполнување на барањата на демонстрантите.
„Жолти елеци“ денеска ја одбележува првата годишнина од протестите кои почнаа како револт против даноците за бензин и го потресоа мандатот на претседателот Емануел Макрон.фото АП