(ФОТО+ВИДЕО) ПОТРЕСНИ СЛИКИ ОД ЗАВОД ВО САРАЕВО: Децата врзани за радијатори и кревети
Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2019
Деца врзани за радијатори и кревети, е случајот во Босна кој ги растажи сите.
Фотографии од деца врзани за мебел и радијатори ја растажи јавноста во регионот. Пратеничката во Парламентот на Босна и Херцеговина, Сабина Кудиќ на денешната прес-конфереција зборуваше за тоа како се третирани штитениците во Заводот за згрижување на ментално инвалидни деца и младинци во Пазариќ.
Како што пренесува Клих.ба, така врзани, многумина го минат поголемиот дел од денот, па и ноќта, а тоа доведува до нарушување на нивната физичка и ментална состојба.
Кудиќ рече дека децата и сами ги подаваат рацете за да бидат врзани, затоа што се навикнати на тоа.