(ФОТО+ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ЛАВИНИ: Во три земји загинаа над 110 луѓе
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2020
Повеќе од 110 загинати луѓе за две недели има во лавини и поплави во Пакистан, Индија и Авганистан.
Наредните денови ќе има лошо време.
Студеното време и снегoт убиле 39 луѓе во шест покраини во Авганистан. Патиштата се завеани и затворени за сообраќај.
Најмалку 75 лица се загинати, а десетици други се повредени во Пакистан, каде многу луѓе се водат за исчезнати, изјавија официјалните лица, пренесе АФП.
Ројтерс објави дека најмалку 57 лица загинаа во лавини во покраината Кашмир.
Во долината Неелум, лавините однесоа најмалку 19 животи, а се предизвикани од обилните дождови што доведоа до појава на свлечишта и лизгање на земјиштето. Многу луѓе се водат како исчезнати и се стравува дека бројот на загинати ќе расте.
Во соседна Индија најмалку десет лица загинаа во неколку лавини што го зафатија индискиот дел од покраината што ја делат двете земји.