(ФОТО+ВИДЕО) ПЛАН НА САУДИЈЦИТЕ: Во пустина ќе никне град
Објавено во: Свет 05 Декември, 2019
Саудиска Арабија планира на северозападот од земјата да го изгради Неом, град на иднината во кој не би важеле строгите исламски правила, а жените би имале права како на Западот.
Проектот зад кој стои принцот Мухамед бин Салман е вреден 500 милијарди долари.
Во градот ќе може да се организираат трки во формула еден и бокс мечеви.
Градот треба да биде завршен до 2030 година.
Кога ќе биде готов, тој ќе функционира независно од другите делови на земјата.
Жителите на овој град ќе можат да уживаат во алкохолот.