(ФОТО+ВИДЕО) Огромни количини град паднаа на Крит
Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2020
Огромни количини град паднаа кај јужниот сосед.
Невреме со град го зафати грчкиот остров Крит, при што улиците беа побелени како да паднал снег.
Медиумите објавија снимки на кои се гледа автопат прекриен со бела покривка од град, како и работници кои го отстрануваат градот од улиците на градот Мали.
Грчката метеоролошка служба објави дека невремето и градот ќе продолжат да го погодуваат Крит и дека ќе преминат на југ од Пелопонескиот Полуостров.
Инаку, на Крит скоро секој ден има земјотреси.