(ФОТО+ВИДЕО) ФРАНЦИЈА ОКОВАНА ОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Едно лице загина
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2019
Снежно невреме ја зафати Франција, a eден човек загина откако врз него паднало стебло.
Околу 145.000 луѓе вчера биле без струја на југоистокот од Франција, поради обилните врнежи од снег.
Со прекин на струја се соочиле областите Дром, Изере, Рон, Лоар и Ардеш, се вели во соопштението и се додава дека техничките тимови работат на санација на проблемот.
Невреме во четврток вечерта ја погоди источна и централна Франција и во еден период повеќе од 330.000 домови биле без електрична енергија.
фото ЕПА