24 Април, 2024
0.0300

(ФОТО+ВИДЕО) БОЛИВИЈА НА РАБ НА ГРАЃАНСКА ВОЈНА: Судири и жртви на улиците

Објавено во: Свет 16 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Боливија e на работ на граѓанска војна.

Ескалира политичката криза, убиени се петмина поддржувачи на долгогодишниот поранешен претседател Ево Моралес, откако се судрија со воените сили. Повредени се повеќе од 30 луѓе. Докторите јавуваат дека жртвите и повредени се со прострелни рани. Но, новите власти не јавуваат за никакви жртви во градот Сакамба. Всушност, неприфаќањето на новата претседателка од страна на верните поддржувачи на Моралес, им ги отежнува напорите на новите власти да ја вратат стабилноста во земјата по оставката на Моралес. 

Моралес на Твитер напиша дека се случил „масакр“ и преодната влада на самопрогласената претседателка Хенин Ањес ја опиша како диктатура.

Тој се наоѓа во Мексико каде што доби азил, откако во неделата поднесе оставка под притисок на војската и заканите од неговите соработници.

Демонстрантите рекоа дека пукањето почнало кога се обиделе да поминат воен контролен пункт.

Ањес претходно рече дека на Моралес нема да му биде дозволено да се кандидира на новите избори, како и дека би можел да биде обвинет за изборна измама ако се врати во Боливија.

Моралес тврди дека сè уште е легален шеф на државата, бидејќи парламентот не ја усвои неговата оставка.

Рускиот претседател Владимир Путин во коментар за ситуацијата во Боливија изјави дека оваа латиноамриканска земја се наоѓа на работ на хаос.

„Постојат елементи на мешање однадвор, но тие секогаш се појавуваат таму каде постојат внатрешни компликации. Настана ситуација кога воопшто нема власт, или сите моментални власти се повлекле. Безвластие. Генерално зборувајќи ова потсетува на Либија“ - оцени Путин. 

Тој потсети на обидот за државен удар во Венецуела, истакнувајќи дека ситуацијата во Латинска Америка се менува многу брзо. Тој нагласи дека се надева дека здравиот разум, одговорноста и разбирањето на интересите на своите граѓани ќе ги надвладеат партиските амбиции на политичките сили, потсетуваат рускикте медиуми.


Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница