28 Март, 2024
0.0279

ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ: Се закажуваат термини, но дали се почитуваат?

Објавено во: Македонија 10 Август, 2020

Добивај вести на Viber

За фотографирање за лични документи телефонски се закажуваат термини, но странките велат дека истите не секогаш се почитуваат.

Граѓаните не се задоволни од организираноста и ефикасноста на службите. Велат дека често се отстапува од термините, а сѐ уште постои праксата доколку некој има лични познанства, да влезе и да заврши работа преку ред. Неколку кумановци кои изминатиов период имале потреба од замена на лични документи, имаат поплаки.

„За да се фотографирам за лична карта, дојдов 20 минути пред закажаниот термин, по што потоа имаше некаков застој, мислам дека некои лица влегуваа и преку ред, по што се фотографирав два часа од закажаниот термин. Граѓаните се виновни затоа што сакаат доколку е можно побрзо, преку ред да влезат, да завршат работа и да си одат, без да имаат во обзир дека некој друг е пред нив. Во ова време на пандемија треба и да се одржува дистанца. Полицските службеници опоменуваат, но граѓаните се неодговорни“, вели 53 годишната Јуле Т. од Куманово.

Друг повозрасен маж кој се фотографирал во периодот кога беше неизвесно дали ќе има обрасци за документи или не, вели дека службите мора да работат побрзо и попрофесионално.

„Се создаде гужва, по што една од жените која чекаше во ред, мораше да се побуни кај раководителот, и да се забрза процесот. Не сум задоволен. Ми беше закажан термин наутро, по 9 часот, но влегов подоцна“, додава 62 годишниот Миле С.

Од Министерството за внатрешни работи одговараат дека фотографирањето се врши според закажните термини.

„Сите закажани термини зафотографирање за лични документи на граѓаните во Одделението за управни работи Куманово досега се фотографирааат во закажаниот термин, но доколку има некои недоследности во постапката секој граѓанин кој што има забелешка во тој поглед може да се обрати до надлежните службеници во Одделението за управни работи Куманово. Воедно за одржување на редот и одржување на потребаната дистанца се задолжени полициски службеници од СВР Куманово“, додаваат од МВР.

Оваа година имаше и проблем со недостиг на обрасци за пасоши и лични карти, кој создаде проблем за граѓаните, а дел од нив и ги попречи да отпатуваат на работа во странство.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов