14 Август, 2020
0.0387

Фотогалерија од Градиште: Безбедносните мерки заборавени

Објавено во: Стил 04 Јули, 2020

Границите се отворени, полицискиот час се укина, кафеаните и кафулињата се преполни, плажите во нашата држава се преполни, а безбедносните мерки за заштита од коронавирусот како да се заборавија. Луѓето понекогаш се однесуваат како ништо да не се случува, а за оваа непретпазливост говорат и бројките кои растат од ден на ден.

Редакцијата на Женски Магазин посети една од плажите на автокампот „Градиште“ во Охрид. Лежалки и пешкири на плажа без никакво растојание, групирани луѓе, но она што најмногу се истакна беа правилата на плажата.

Имено, во листата со правила беа набројани сите вообичаени правила, како на пример: Пливај во обележаниот простор; Не палете оган на плажата; Не фрлајте отпадоци на плажата; и други слични правила на набројаните. Но, никаде не стои барем кратки известувања за вообичаените безбедносни мерки, кои на сите треба да ни бидат постојано пред очи, за да не потсетуваат на тоа дека треба да внимаваме.

Целата галерија на Женски магазин овде 

Можеби ќе ве интересира

Вилма Трајковска- поранешната Прва дама на Македонија и денес стилски изгледа одлично

Вилма Трајковска- поранешната Прва дама на Македонија и денес стилски изгледа одлично

Охридско лето: празнување на музичкиот гениј Бетовен по повод 250 години од неговото раѓање

Охридско лето: празнување на музичкиот гениј Бетовен по повод 250 години од неговото раѓање

ШТО СЛУШААТ ПОЗНАВАЧИТЕ НА ДОБРИОТ ЗВУК

ШТО СЛУШААТ ПОЗНАВАЧИТЕ НА ДОБРИОТ ЗВУК