(ФОТОГАЛЕРИЈА) Кило кокаин во магацин полн со банани
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2020
МВР објави фотографии од запленетиот килограм кокаин во скопското село Крушопек по истрага во во координација со Јавно обвинителство и со царинските служби. Кокаинот беше пронајден меѓу пратките со банани во магацинот на „Банекс Компани“ ДООЕЛ.
При извршениот детален претрес на магацинот и камионот со кој се превезувале банани во еден од пакетите било пронајдено едно правоаголно пакување со непозната бела прашкаста материја – кокаин кое било облепено со зелена трака. Истото е одземено и предадено на понатамошно вештачење.
Исто така, при претресите биле пронајдени и одземени мобилни телефони, парични средства во износ од околу 3000 евра, 700 долари, 188 илјади денари, како и товарно моторно возило ИВЕКО, заедно со 1098 пакети банани и останата документација.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ќе добие вакцини од Србија, денес нови 63 заразени со коронавирусот

Во еден од македонските градови има само 8 активни случаи на коронавирусот

Опозицијата бара помош од Орбан за да се тргне бугарската блокада

Гордана Јанкулоска тврди дека за уништување на опремата за прислушување дознала кога СЈО отвори истрага

Поради коронавирусот Собранието немаше кворум за работа

ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Најавени се нови врнежи од снег

Сашо Мијалков: За девет години само неколку пати сум вклучил компјутер

Горан Сугарески седна во директорската фотеља во Царина - ветува чесно работење
