(ФОТО) ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Вучиќ подготвува сарми
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2020
Српскиот претседател, Александар Вучиќ готви сарми.
Вучиќ објави фотографија со вработените во кујната на Претседателството на Србија.
„Им благодарам на прекрасните готвачки Јованка Петровиќ и на Гордана Ненадовиќ, како и на Шчепан Рељич, дека не им е тешко во сабота да работат и дека секогаш подготвуваат најдобра храна за вработените и за нашите гости“, напиша Вучиќ.
На пауза помеѓу два состанока со европските претставници и со тимот за унапредување на животната средина, Вучиќ ја објави фотографијата.