18 Април, 2024
0.0251

(ФОТО) Украла 5.000 деца, 500 убила: Приказната за најсуровата жена на светот

Објавено во: Свет 14 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

оминаа 59 години од смртта на Џорџија Тан, а сеќавањата за нејзините злодела се' вознемирувачки. Според најновите документи и сведоштва за неа, една од најсуровите жени во светот масовно тргувала со деца 

„Бизнисот“ на Џорџија Тан цветал цели 26 години, од 1924 до 1950 година. За тоа време, се проценува дека киднапирала или украла околу 5.000 бебиња од нивните родители и ги препродала во нови семејства. Ги крадела од оние од кои ѝ било полесно, се разбира, од сиромашните семејства.

Имала 33 години кога се преселила од Мисисипи во Мемфис, Тенеси во 1924 година и станала лидер во организирање нови семејства за сиромашни деца. Организацијата била наречена „Тенеси дом за деца“ и во тоа време таа наплаќала 7 долари за посвојување на деца во областа Тенеси.

Скромната сума и служела за да може да функционира нејзината организација. Но, за Џорџија Тан тоа било премногу скромно. И навистина, работите се промениле многу преку ноќ. Одеднаш, експлодирал бројот на посвоени деца. Но, истите не завршиле било каде. Последователно, се испоставува дека 80 проценти од посвоените деца, преку организацијата „Тенеси дом за деца“, отишле кај посвоители во богатите делови на Америка, во Њујорк и Калифорнија.  Исто така, тоа покажува дека нејзиниот бизнис цветал најдобро од 1940 до 1950 година кога продала околу 3.000 деца, што би значело скоро едно на ден.

Таа продавала само „бели“ деца, а особено добро на пазарот се продавале оние помалите со руса коса и сини очи. Но, прашањето е, колку долго може некој да ја прави оваа работа пред да биде фатен? Да претпоставиме една година, две, максимум три. Таа веројатно ги крадела децата од многудетни семејства кои имаат многу деца, па така била убедена дека нема ни да забележат дали некој во моментот недостасува.

Покрај тоа, сиромашниот човек немал ниту можност, ниту пари да покрене истрага за бебето или детето што недостасува. Во крадењето посебно и помагал тогашниот градоначалникот на Мемфис, Е. Х. Крамп, многу моќен и влијателен човек. Најлошо од сè, е тоа што повремено полицијата дури ѝ помагала во киднапирањето.

Тан не само што земала деца од сиромашните семејства. Таа, исто така, имала добар увид кои деца се раѓале во затвори или ментални болници. Сето тоа било правно од формален аспект. Бебињата од нејзините „добавувачи“ таа на идните родители им ги претставувала како сирачиња, додека на биолошките родители им соопштувале дека бебето починало.

Кога наидувала на такво бебе, го продавала, па дури и го рекламирала својот бизнис во весник. Во тоа време, побогатите брачни парови од Њујорк или од Лос Анџелес биле подготвени да платат големи суми само за да можат да посвојат дете. Пресметано денес, би платиле по 70.000 американски долари за едно дете. Таа цена важела за луѓе кои сакале да имаат дете со одредена боја на очите и косата, а црнците, Азијците и Латиноамериканци не се продавале.

Иако Џорџија пливала во пари, таа сè уште не била задоволна 

Застрашувачки е фактот што децата во нејзиното здружение „Тенеси дом за деца“ живееле во толку тешки услови што таму починале дури 500 од нив. Причината за смртта најчесто била глад, болест, злоупотреба, студ, а понекогаш и самата Тан ги убивала децата и ги погребувала во необележани гробови.

Сето тоа конечно излегло на виделина кога Гордон Браунинг, политичкиот непријател на нејзиниот пријател Крамп, бил избран за гувернер на Тенеси. Тој брзо ги поврзал краевите на оваа ужасна приказна и започнал истрага. Тан добро знаела дека без моќ на власт, може да се збогува од својата работа и дека секоја нормална истрага ќе го открие тоа, колку и да е сокриено.

Сепак, таа не ја добила заслужената казна. Тан починала од рак на матката само два дена по започнувањето на истрагата. Два месеци подоцна, Здружението на деца во Тенеси било затворено. Во последните децении, американската јавност беше сведок на стотина случаи во кои децата ги бараа своите биолошки семејства киднапирани од Џорџија, односно нивните биолошки сестри или биолошки родители кои биле живи, здрави и воопшто не ги оставиле своите деца.


Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

СЕМЕЈСТВАТА ПРОДАВАЛЕ НАКИТ ЗА ДА ЈА ПЛАТАТ ПРОЦЕДУРАТА: Во напад на клиника во Газа се уништени 4.000 ембриони

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?

ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО БЕЛГОРОД: Вагнер ќе се спрема за напад на Харков?

ОБУКАТА Е ВО ТЕК: НАТО обучува кадети во Узбекистан

ОБУКАТА Е ВО ТЕК: НАТО обучува кадети во Узбекистан

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Русија го нападна Чернигов, Украина го гаѓаше Крим

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Русија го нападна Чернигов, Украина го гаѓаше Крим

На што Израел потроши една милијарда евра за само една ноќ?

На што Израел потроши една милијарда евра за само една ноќ?

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ПО ВУЛКАНСКАТА ЕРУПЦИЈА: Планината исфрла жешки експлозивни облаци, евакуирани повеќе од 800 луѓе

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ПО ВУЛКАНСКАТА ЕРУПЦИЈА: Планината исфрла жешки експлозивни облаци, евакуирани повеќе од 800 луѓе

Кинескиот претседател Кси се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, обостран повик за постигнување заеднички успех

Кинескиот претседател Кси се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, обостран повик за постигнување заеднички успех

НАВРНА ДОЖД ЗА ГОДИНА И ПОЛОВИНА-„ВАКВО НЕВРЕМЕ НЕ СУМ ВИДЕЛА“: Апокалиптичните последици од невремето ќе се санираат за два дена, еве што сведочи една жена од Србија за невремето во Дубаи

НАВРНА ДОЖД ЗА ГОДИНА И ПОЛОВИНА-„ВАКВО НЕВРЕМЕ НЕ СУМ ВИДЕЛА“: Апокалиптичните последици од невремето ќе се санираат за два дена, еве што сведочи една жена од Србија за невремето во Дубаи

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете