(ФОТО) Снег во две европски земји, а покривката и до 30 цм
Објавено во: Свет 15 Јули, 2019
Франција и Италија се под снежна покривка среде јули.
За Италија денеска, најавени се обилни врнежи и силна бура. Временската прогноза која многумина ги изненади, беше само најава за уште постуденото време кое зафати поедини подрачја на големите надморски височини.
Паднале и 30 сантиметри снег на Алпите, пренесува италијанскиот метеоролошки портал 3Бметео.
Снег паднал и во Франција, на југоистокот од земјата, на надморска висина од 2.600 метри.
Вчера и на врвот Мусала на планината Рила во Бугарија падна снег.