(ФОТО) СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ПО СЛЕТУВАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ: Загинати при напад на аеродром во Кабул
Објавено во: Свет 22 Јули, 2018
Најмалку 14 лица , меѓу кои се и цивили и припадници на воените сили, се убиени во самоубиствен напад во Кабул, во близина на аеродромот, непосредно по слетување на авганистанскиот потпретседател Абдула Рашид Достум.
Достум и неговите придружници не се повредени во експлозијата, рекол портпаролот на министерството за внатрешни работи на Авганистан, пренесе АП.
Околу 10 луѓе загинале, и повеќе се повредени според првите информации, јави Ројтерс.
Како што рекол портпаролот ,најверојатно потпретседателот бил мета на напад.
Никој засега не преземал одговорност за експлозијата, а во Кабул се активни и талибанските бунтовници и Исламска држава.