(ФОТО) СЕ УРНА МОСТ, ИМА И МРТВИ, НАТРУПАНИ КОЛИ ВО ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ - Родос на удар на силна бура
Објавено во: Балкан 01 Декември, 2024
По обилните дождови што ги донесе невремето „Бора“, на Родос беа поплавени куќи, деловни објекти и патишта, поради што властите беа принудени привремено да ја забранат употребата на возила на тој грчки остров, објави денеска Ројтерс.
Две лица загинаа во поплавите на островот Лимнос. Противпожарната служба на Родос примила повеќе од 650 повици за испумпување на вода од поплавените згради, поради поплавите се евакуирани 80 лица, а засега нема информации за повредени.
Се гледаат автомобили натрупани по поплавените улици во населбите низ Родос, најпогодениот град Јалисос. Локалните медиуми јавуваат дека на Родос се урнал мал мост.
Портпаролот на противпожарната бригада на Родос, Василис Вартакоџанис за грчката телевизија Скај изјави дека лошото време ќе продолжи и во понеделник.
Невремето со грмотевици и обилните врнежи го прекинаа железничкиот сообраќај во континентална Грција, особено во централните и северните делови.
(Блиц, Танјуг)
Фото: ЕПА