(ФОТО) Првиот рекет во светот кој вреди милиони собираше компири на нива
Објавено во: Балкан 18 Септември, 2019
Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ објави фотографии на својот профил, и објаснува дека на нива во селото Брзече собирал компири, по што од луѓето добил и компири на подарок.
„Навистина сум полн со емоции, а попат добив и по некој компир за мојот труд“, пишува тој.
Тенисерот пишува дека вакви ситуации го потсетуваат на детството.