(ФОТО) Премиерот Заев во „Астон Мартин“
Објавено во: Стил 25 Август, 2019
Нема дилема дека добро се облекува. Без сако очигледно се гледа и што носи под него.
Во Општина Новаци, вчера Премиерот Зоран Заев присуствуваше на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола, одговараше на повеќе прашања на новинарите, кои посебен интерес покажаа за иднината на СЈО и на преговорите за донесување на новиот закон за Јавно обвинителство. Но она што е интересно, а многу воочливо е неговата кошула која е нестандардна за вакви настани.