19 Април, 2024
0.0318

(ФОТО) Пратеникот Крмов бара на собраниските онлајн-седници секој да има велигденско јајце пред камера

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, објави еден од трите илјади амандмани со кој опозицијата сака да ги блокира измените на собранискиот Деловник во кој пратеникот на „Левица“, Борислав Крмов, бара секој пратеник при онлајн-седниците да има пред камера велигденско јајце.

Наместо Апасиев да се потпише и да застане зад неговите навредувачки амандмани, тој низ вода го пушта пратеникот Крмов. Со таквите амандмани се гледа намерата на Левица исклучиво за блокирање на работата на собранието.

Инаку предлогот е за време на Велигденските празници, пратениците што учествуваат во online работата на собрание пред себе да имаат велигденско јајце. Срамно и понижувачки кон оние кои дале глас за Апасиев.

Додека тој троши државни пари, додека вмро дпмне како што можевме да прочитаме, му купува станови, додека земал хонорари од СЈО, вие чекате тој да направи нешто согласно неговите можности како пратеник во Парламентот, за да ги подобри условите за живот на сите.“, напиша Костадинов на Фејсбук.

„Левица“ поднесе 1.300 амандмани до Собранието со цел да се блокираат измените на собранискиот Деловник за работа, така што пратениците кои се заболени од Ковид-19 или се во самоизолација не би можеле во скоро време да работат и да гласаат од далечина за време на седниците.

Според владеачкото мнозинство, ова е обид на опозицијата да ја блокира рабоптата на Собранието за време на кризна состојба кога треба да се носат одлуки во корист на граѓаните.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?