(ФОТО) ПОЖАР ПРОГОЛТА ЗГРАДA: Илјадници луѓе спасуваа жива глава
Објавено во: Свет 17 Февруари, 2020
Над илјада луѓе денеска се евакуирани од зграда во центарот на Мумбај, поради пожар.
Нема повредени, а „Тајмс“ од Индија објави дека пожарот се појавил на осмиот кат од зградата„GST Bahavan“. Во локализирање на огнот учествувале 16 противпожарни возила и девет цистерни.
Засега не е познато зошто избувнал пожарот.