(ФОТО) Поради полицискиот час Љубљана се претвори во град на духови
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 21 Октомври, 2020
Поради полицискиот час кој стапи на сила синоќа, главниот град на Словенија, Љубљана се претвори во град на духови.
Од 21 часот до 6 наутро нема движење.
Ова ограничување на движењето на граѓаните е забележано за првпат во историјата на независна Словенија.
Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 1,503 новозаразени со коронавирус.
„Во Марибор имаше 100-тина луѓе кои протестираа, но дојде полиција па се разотидоа. Имаше и здравствен инспектор кој им напиша казни. Во Љубљана имаше многу полициски патроли. Последен пат полициски час имавме во 1943-та година“, изјави словенечката новинарка Јелена Ашчиќ за „ХРТ“.
Бројот на активни случаи во Словенија се искачи на 8.860.Белгија и Франција исто така воведоа полициски час.
Во регионот, и Црна Гора има многу висока бројка на заразени, и е „лидер“ во Европа.