(ФОТО) Погледнете го оброкот на Бејли со ајвар и сирење
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2018
Американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли, ја отвори сезоната на домашен ајвар , кој на твитер се пофали дека веќе го пробал овој македонски специјалитет.
Во овој период семејствата во Македонија, особено оние кои поседуваат дворни места, се подготвуваат за групно правење ајвар.
Останува да се види како ќе реагираат граќаните на движењето „Бојкотирам“, кои наведоа дека на 30 септември нема да одат на гласање на референдумот туку дека ќе останат дома и ќе прават ајвар.
Бејли вели дека оброкот го вкусил во кафулето на Амбасадата на САД во Македонија.