29 Март, 2024
0.0245

(ФОТО) НАПОЛНИ 17 ГОДИНИ: Грета со протест го слави роденденот

Објавено во: Свет 03 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Шведската активистка која лани се здоби со светска слава, Грета Тунберг на необичен начин го прослави својот 17-ти роденден. 

Таа денеска реши да помине дел од денот пред зградата на Парламентот.

Тунберг отиде таму носејќи го својот транспарент „Училиштен штрајк за климата“. Училиштата во земјата сѐ уште не работат поради празниците.

„Училиштен штрајк, 72. недела“, напиша Тунберг на Твитер.

Четири и пол месеци, девојката учествуваше на големите конференции за климата во Њујорк и Мадрид, а цело време патуваше со брод.

Се појави на состаноците за клима од Швајцарија до Њујорк, а учествуваше и на конференцијата на ООН за климатски промени во Мадрид и на состанокот во Торино, Италија.

Таа ги почна протестите во шведската престолнина Стокхолм во август 2018  година и на тој начин помогна  да се зголеми свеста за климатските промени. Потоа доби поддршка од милиони луѓе од целиот цел свет. Младтаа активистка во меѓувреме беше номинирана за Нобелова награда за мир, а магазинот „Тајм“ ја прогласи за Личност на годината.

Тунберг во една прилика рече дека политичарите треба да бидат „турнати до ѕид“, а потоа се извини за изјавата. 

Но, тоа што таа стана личност на годината не му се допадна на американскиот претседател, Доналд Трамп. Тој во неколку наврати ја исмеа и ја критикуваше Грета. 

За нејзиниот лик и дело ќе биде снимен филм. 

Девојче кое се бори за истите идеали како Тунберг постои во Русија, а го доби епитетот двојничка на Грета. 

фото Твитер

Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО