28 Март, 2024
0.0266

(ФОТО) НА РАБОТНА ЗАДАЧА - Сопругата на претседателот, Ѓорѓиевска, ја подигна заштитната опрема за гласање на болните од КОВИД-19

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска, денеска точно во 09 часот, заедно со другите членови од избирачкиот одбор, ја посетија Општинската изборна комисија на општина Гази баба, за да ја земат потребната заштитна опрема, со цел да се спроведе гласањето на болните од КОВИД-19 и лицата во самоизолација.

Од фотографиите што ги доби фактор може да се види дека избирачките одбори ќе бидат целосно опремени, со целата портребна опрема, со маски и со визири, за спроведувањето на оваа задача.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски засега немаат информации колку заболени лица од корона денеска ќе посети Елизабета Ѓорѓиевска, со цел тие што се пријавие, да можат да го остварат своето демократско право на глас. 

Попрецизни информации за тоа колку семејства ќе бидат посетени ќе има во текот на денешниот ден. 

Ѓорѓиевска е избрана по случаен избор како медицинско лице, кое треба да биде дел од избирачките одбори. Изборот, како што велат од Кабинетот, всушност е направен според нејзината лична карта, која е уште на адресата каде што претходно живееше семејството на претседателот и неговата сопруга Ѓорѓиевска. 

Токму затоа таа ќе биде член на избирачкиот одбор во Општина Гази Газа, кој ќе оди во домовите на позитивни лица на коронавирус кои се пријавиле да гласаат на изборите во оваа скопска општина.


Сопругата на Претседтелот беше избрана по случаен избор и веднаш, како што велат од Кабинетот, без размислување ја прифатила задачата да биде дел од избирачките одбори, за да може лицата со КОВИД-19 да го остварат нивното граѓанско право на глас.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење