(ФОТО) Кој ќе ја засади оваа билка, заработката е загарантирана
Објавено во: Агробизнис 20 Април, 2018
Во сезона од невенот може да се заработат над 1000 евра.
Вложувањата за производство се минимални. Зоран Илиќ од Србија на 15 хектари има различни лековити билки, а механизацијата ја добил од државата.
Тој засадил уште и артичок, бел слез, босилек, валеријана, а купувачи наоѓа сам.
„Се работи од пролет до доцна есен зависно од тоа за која билка станува збор“ - вели Илиќ.
Додава дека долги години работи, задоволен е и според него може добро да се заработи од овој агробизнис.
Вели дека е важно да се има цел и план, но и да се следат конкурсите за добивање на помош од државата.