04 Јули, 2020
0.0364

(ФОТО) ИЗРАЕЛ СЕ ЗАКАНИ НА ИСЛАМСКИ ЏИХАД: Или ќе запрат или ќе трпат удари

Објавено во: Свет 13 Ноември, 2019

Израел на Палестински џихад им се закани со напади. 

Премиерот Бенјамин Нетанјаху бара Исламски џихад да прекине со ракетирањата на Израел, затоа што ќе им возврати израелската армија.

Нетанјаху ова го изјави на почетокот од седницата на неговиот кабинет за безбедност во време кога израелските сили ги засилуваат смртоносните напади врз позициите на военото крило на Исламскиот џихад. 

„Имаат само еден избор: или ќе ги запрат нападите или ќе трпат сѐ повеќе и повеќе удари. Одлуката е нивна“, вели Нетанјаху.

Израелската авијација денеска ги бомбардираше позициите на Исламскиот џихад во Појасот Газа, поради што следеа нови ракетирања кон Израел.

Дваесет и три Палестинци загинале вчера во изралеските операциио против Исламскиот џихад, меѓу кои прва жртва во насочен напад беше високиот командант на Бригадите на ал-Кудс, 42-годишниот Баха Аби ал-Ата. Тој и неговата сопруга беа убиени во воздушен напад врз нивниот дом во источниот дел од градот Газа рано утрото во вторникот. Исламски џихад во вторникот објави дека го смета убиството на нејзиниот водач за „објава на војна“ од Израел.

Од вчера 250 ракети се истрелани од Газа врз Израел, но притоа нема жртви. 

Можеби ќе ве интересира

Осумгодишно дете убиено во трговски центар во САД

Осумгодишно дете убиено во трговски центар во САД

Вртоглав раст на бројот на заразени: Од вирусот починаа над половина милион луѓе

Вртоглав раст на бројот на заразени: Од вирусот починаа над половина милион луѓе

СЗО: Државите кои се најпогодени сега, итно да се борат

СЗО: Државите кои се најпогодени сега, итно да се борат

БРОЈКАТА РАСТЕ: Заболени од коронавирус се повеќе од 11 милиони во светот

БРОЈКАТА РАСТЕ: Заболени од коронавирус се повеќе од 11 милиони во светот

Антималаричен лек им помогнал на заболените од коронавирусот

Антималаричен лек им помогнал на заболените од коронавирусот

Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет

Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет

КОРОНАТА ЗА НИВ МОЖЕ ДА БИДЕ ФАТАЛНА: СЗО им порача на пушачите да се откажат од цигарите

КОРОНАТА ЗА НИВ МОЖЕ ДА БИДЕ ФАТАЛНА: СЗО им порача на пушачите да се откажат од цигарите

ЗЕМЈИ СО 130.000 ПОЧИНАТИ, НО И БЕЗ ПОЧИНАТИ: Зошто има толкави разлики?

ЗЕМЈИ СО 130.000 ПОЧИНАТИ, НО И БЕЗ ПОЧИНАТИ: Зошто има толкави разлики?

Германското претседателство: Почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија „според германска агенда“

Германското претседателство: Почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија „според германска агенда“