(ФОТО И ВИДЕО) РАЗОРНО ТОРНАДО ЈА ПОГОДИ ИСТРА: Погледнете го пустошот што го направи ветрот кој косеше и со 188 километри на час
Објавено во: Балкан 02 Август, 2021
Торнадо го погоди
подрачјето на централна Истра, и се движеше за среќа низ ненаселена област, кое
во должина од околу 500 метри собори дрвја и предизвика оштетување на електричните
столбови, уривање на салноводи.
Вчера доцна попладне, торнадото се движеше по копно помеѓу Пореч и Пазин. Според проценките на Истрамет, станува збор за торнадо со интензитет Ф1, односно со брзина на ветерот во вртлогот помеѓу 116 и 188 километри на час.
Метеоролозите велат, во случај таков вртлог да навлезе во населено место, може да се има оштетување на покривите, корнење на поголеми дрвја и значителна материјална штета.
Инаку, торнадата се многу ретка појава во Истра, пренесуваат хрватските медиуми.